ЗАТВОРЕНИ ДВА ОДДЕЛИ И ХИРУРШКА САЛА ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“, НЕМА ДОВОЛНО МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАТВОРЕНИ ДВА ОДДЕЛИ И ХИРУРШКА САЛА ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“, НЕМА ДОВОЛНО МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

    Во градската општа болница „8 септември“ од денес се затворени болничките оддели за пулмологија и ендокринологија и една хируршка сала за општа и дигестивна хирургија. Редуцирањето на работата во „8-ми септемри“, како што дознаваме, се прави поради недостиг од медицински сестри.

    Од болницата објаснуваат дека пулмолошката и ендокринолошката амбуланта ќе работат најнормално, но дека нема да хоспитализираат пациенти. Итните случаи и пациенти со акутни проблеми ќе ги примаат на инфективното одделение, но и таму капацитетот на кревети е ограничен.

    Досега во ГОБ „8 септември“ работеа шест хируршки сали, а од денес се става клуч на една хируршка сала за општа и дигестивна хирургија.

    „Поради недостиг од медицински сестри принудени сме да ја затвориме и хируршката сала и да го намалиме капацитетот на дигестивното одделение, каде досега можеше да се хоспитализираат 64 пациенти, а отсега 32. Сегашниот средно медицински кадар едвај успева да ги опслужи сите пациенти и сите потреби, и во ситауација сме да не можат да земат годишен одмор, бидејќи нема кој да ги замени“, објаснуваат од ГОБ „8 септември“.

    Во моментов, во скопската општа болница работат 350 медицински сестри, а за да може да работат нормално потребни се уше 180. Како што објаснуваат од „8-ми септември“ проблемот настанал со тоа што дел од медицинските сестри или се пензионирале или заминале да работат во приватни болници и во странство, а во меѓувреме бројот на доктори е зголемен од 74 на 218. Исто така зголемен е и обемот на работа, односно лани во болницата имало 12.200 хоспитализации и 193.000 прегледи, а годинава 14.500 хоспитализации и 220.000 прегледи.

    Огласот за прием на нови 60 сестри, кој се уште не е завршен, како што објаснуваат од болницата најверојатно ќе мора да се поништи, бидејќи се уште не ги добиле потребните тестови шаблони за оценка на пријавените кандидати. Според законските одредби за прием на средно медицински кадар, освен просек според степенот на образование, медицинските сестри треба да полагаат тест за стручно знаење.

    „Нема објаснување зошто не ги праќаат тестовите. Деновиве дури и да ги пратат нема да може да завршиме до Нова Година, до кога важи и согласноста за новите шеесет вработувања. За 60 места имаме 193 кандидати“, велат од ГОБ „8 септевмври“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира