ЗАВРШИ ПРОТЕСТОТ ВО СТРУМИЦА

    ЗАВРШИ ПРОТЕСТОТ ВО СТРУМИЦА

    Под мотото ,,Слободни избори, криминалците зад решетки“ и стотици граѓани од Струмица вечерва протестираа против одлуката на Претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболицирање на политичарите од власта и опозицијата, но и распишувањето на изборите од страна на Трајко Вељаноски на 5 јуни.

    Протестот  го организираше платформата ,, Граѓанска демократија“ пред  зградата на јавната администрација во барок стил што беше предадена во употреба пред две недели.

    ,, Ѓорѓе Иванов, човекот кој слика има, а тон нема,  бараме по втор пат во неговиот мандат да отвори уста, но овојпат да ја соопшти оставката од функцијата Претседател на државата“, рече Ленче Христова од платформата Граѓанска демократија и побара од Власта и провладините медиуми да прекинат со опструкциите на Специјалното јавно обвинителство.

    Протестот помина мирно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари