ЗНМ ПОБАРА ОД МИХАЈЛОВА ДА ДОЗВОЛИ СНИМАЊЕ НА СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗНМ ПОБАРА ОД МИХАЈЛОВА ДА ДОЗВОЛИ СНИМАЊЕ НА СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ

    Здружението на новинари на Македонија побара од судијката Татјана Михајлова да им дозволи на новинарските да го снимаат судењето на Никола Груевски за насилството во Општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски. Михајлова, која е в.д. Претседател на Основниот суд Скопје 1, не дозволува снимање на барање на обвинетиот.

    „Татјана Михајлова, која во континуитет не дозволува снимање на новинарските екипи на судењата на поранешниот премиер Никола Груевски, затскривајќи се зад барањето на обвинетиот да не се снима. Сепак, крајна одлука дали ќе се дозволи снимање ја носи според неговото убедување и јавниот интерес на граѓаните, кои имаат право да знаат за што е осомничен поранешниот премиер. Правото на презумпција на невиност на поранешен премиер не може да има предност пред правото на јавноста да знае“, велат од ЗНМ.

    ЗНМ, исто така, ги осудува навредите на новинарите од  претседателот на Судски совет, Зоран Караџовски, кој во изјавата од 22 февруари ги оцени извештаите на медиумите за распределувањата на судиите од кривичен во прекршочен суд како „театрални вулгарности“, а новинарите ги етикетираше како „самонаречени новинари“.

    „Караџовски за лошите состојби во судскиот систем не треба да бара дежурни виновници кај новинарите, туку треба да преземе лична одговорност за слабостите во работата на судовите, за што потврди и пресудата на Европскиот суд за човекови права од девети февруари. Тој мора да ја почитува улогата на медиумите во демократијата како заштитници на јавниот интерес преку постојано инсистирање институциите да бидат транспаретни и отчетни“, додаваат од ЗНМ и побара извинување од Караџовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира