ЗНМ ПОБАРА ОД СПАСОВСКИ ДА ГИ РАСВЕТЛИ СИТЕ 53 НАПАДИ ВРЗ НОВИНАРИ

    ЗНМ ПОБАРА ОД СПАСОВСКИ ДА ГИ РАСВЕТЛИ СИТЕ 53 НАПАДИ ВРЗ НОВИНАРИПретставници на ЗНМ денес се сретнаа со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кого разговараа за зголеување на безбедноста на новинарите. (Фото: ЗНМ)

    Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани побара МВР да работи интензивно на расветлување на сите 53 напади против новинари, кои што се случиле во изминатите пет години. Претставници на ЗНМ денес се сретнаа со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кого разговараа за зголеување на безбедноста на новинарите.

    „Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена работа на новинарите и истакна дека владата треба да воспостави ефикасен систем за казнување на насилниците. Со тоа, владата ќе испрати јасна порака во јавноста дека насилсвопто против новинарите и медиумските работници е неприфатливо. Тој побара МВР да работи интензивно на расветлување на сите 53 напади против новинари, кои се случиле во изминатите пет години“, соопшти ЗНМ.

    Директорот на ЗНМ Драган Секуловски потсети дека меѓу напаѓачите на новинари има и припадници на полицијата, кои во изминатиот период напаѓаа новинари на протести и за време на упадот во Собранието на 27 април.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира