ЗВРЛЕВСКИ Е ДОБАР, ДРУГИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НЕ ЧИНАТ, ВЕЛИ АНЕВСКИ

    ЗВРЛЕВСКИ Е ДОБАР, ДРУГИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НЕ ЧИНАТ, ВЕЛИ АНЕВСКИЗврлевски не може да држи сè под контрола во сите јавни обвинителства во Македонија, кажа Аневски. - Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски повторно кажа дека државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски добро си ја вршел работата и го правдаше дека не можел да стигне секаде и да има увид во работата на сите јавни обвинители на кои им е надлежен. Советот на јавни обвинители денеска го прифати барањето на Владата да биде разрешен републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски, а по седницата Аневски беше прашан дали уште мисли дека Зврлевски е префектен, како што кажа минатата недела.

    „Тоа е мислење. Се изразив можеби многу во суперлатив за обвинителот, инаку е добар обвинител. Секој го дели тоа мислење, мислам дека и мнозинството членови во Советот. Нема забелешка на неговата работата“, одговори Аневски.

    На новинарско прашање, зошто тогаш беше формирано Специјалното јавно обвинителство како коректив на редовното Јавно обвинителство, претседателот на Советот на јавни обвинители одговори:
    „Јавниот обвинител не може секаде да стигне. Тој конкретно не работи предмети, туку предметите ги работат јавни обвинители во јавните обвинителства. Само во Основното јавно обвинителство Скопје по систематизација има 61 јавен обвинител и ви гарантирам дека јавниот обвинител не може точно да врши увид во детали како постапуваат тие 61 обвинител, да знае сè за предметите. Тој не може да држи сè под контрола во сите јавни обвинителства во Македонија“, кажа Аневски.

    По позитивното мислење на Советот на јавни обвинители за разрешување на Зврлевски, според процедурата, Собранието сега треба да го разреши со просто мнозинство од 61 глас, а потоа да распише оглас за избор на нов Јавен обвинител.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира