ЗВРЛЕВСКИ ГО ТРЕСЕ УСАИД ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ЗВРЛЕВСКИ ГО ТРЕСЕ УСАИД ВО МАКЕДОНИЈА

    Во повеќе од 20 граѓански организации сè уште се присутни инспектори на УЈП, а тоа што загрижува е што во последната недела 13 организации се посетени од инспектори на финансиската полиција и од припадници на МВР по барање на Основното јавно обвинителство, во предистражна постапка по непозната основа, изјави денеска извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“, Фани Каранфилова-Пановска, по промовирањето на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации“.

    „Така како што ги водат постапките и нивниот број, упатува на тоа дека бараат сè и не знаат што бараат. Особено во последните три дена, од организациите што се посетени се одземаат документи за плаќањата и за приливите направени од УСАИД“, рече Каранфилова-Пановска, додавајќи дека се чешлаат само финансиите што се дадени во граѓанските организации, но не и средствата донирани во државните институции.

    УСАИД е државна агенција на САД за меѓународен развој.

    Претходно, евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека институциите, кои треба да бидат независни, во последно време удираат по граѓанскиот сектор.

    Каранфилова-Пановска оцени дека според начинот на кој се одвиваат работите и интензитетот, инструментите што се користат и целта кон која одат е да креираат случај за злоупотреба на парите. Таа истакна дека ако ситуацијата потрае и политичката криза не се реши наскоро, граѓанските организации можат да бидат сериозна колатерална штета иако сето ова време работеле само и во интерес на граѓаните.

    На прашање дали очекуваат новата влада да ги заштити граѓанските организации, Каранфилова-Панова истакна дека во моментов немаме влада, а имаме институции предводени од нелегитимни претставници.

    „Ако не се реши политичката криза, ова е злоупотреба од страна на институциите во ситуација во која во Македонија не се знае ниту кој јаде, ниту кој пие. Не се знае дали имаме еден легитимен претставник на кое било ниво на власт. Единствен легитимен претставник, формално, е претседателот Ѓорге Иванов, кој со последните две одлуки се делегимитираше комплетно во очите на граѓаните“, рече Каранфилова-Пановска.

    Извршниот директор на „Еуротинк“, Бојан Маричиќ, истакна дека сè уште не знаат зошто се случуваат инспекциите и што бараат органите на власта.

    „Очекуваме да се формира нова влада за да престане институционалиот политички притисок што беше најавен со прогласот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Маричиќ.

    Тој рече дека неговата организација станала мета на инспекциите по последното негово гостување во „Топ тема“, во која, како што рече, се водела бурна дискусија и каде што двајца од учесниците ја напуштија емисијата.

    „Налогот за контрола на УСАИД е со датум од 7 март, ден по таа емисија. Заклучоците носете ги сами, не можам да кажам дека е поврзано, но премногу случајности има во овој период за да кажеме дека има коинциденција“, рече Маричиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира