41 ЗАГИНАТ И 230 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Истанбул,(агенции)

    41 ЗАГИНАТ И 230 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ

    Истанбулскиот гувернер соопшти дека има 41 загинат во вчерашниот смртоносен самоубиствен напад на аеродромот Ататурк зад кој најверојатно стои Исламска држава. Во изјавата на сајтот на гувернерот се вели дека 37 жртви се идентификувани, меѓу кои и 10 странци и 3 со двојно државјанство.
    Над 230 луѓе се ранети во нападот, но 109 се отпуштени од болница. Според турските власти, во бројот на мртви не се сметани и тројцата бомбаши самоубијци кои загинаа. Меѓу мртвите има една Палестинка, пет Саудијци, двајца Ирачани, по еден Тунизиец, Узбекистанец, Кинез, Иранец, Украинец и Јорданец.
    Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочуство на Турција по  нападот. Покрај изјавата во Москва, се очекува Путин денеска сочуство да му изрази и лично на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор, нивниот прв разговор по 7 месеци ,откако Русија ги замрзна односите со Турција бидејќи таа собори руски воен авион.
    Портпаролот на Путин Дмитри Песков изјави дека нападот врз аеродромот Ататурк е „само уште едно потсетување за важноста на заедничките напори да се бориме против заедничката закана – тероризмот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари