АКО СТОПИРА СВЕТСКА БАНКА НИ ПРИВАТНИТЕ БАНКИ НЕМА ДА ДАВААТ КРЕДИТИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:410:"„АкоСветскабанкаодлучидагопрекинекредитирањетовоМакедонијатоаќебидесигналзауправувачкитеструктуринаприватнитебанки",велатнашитеизвориодСветскабанкакоинесеовластенидадаваатофицијалниизјави ";s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АКО СТОПИРА СВЕТСКА БАНКА НИ ПРИВАТНИТЕ БАНКИ НЕМА ДА ДАВААТ КРЕДИТИ

    И приватните банки ќе ги стопираат кредитите за Македонија ако тоа го направи Светска банка. Ова неофицијално го најавуваат извори од Светска банка за САКАМДАКАЖАМ.МК, според кои одлуката за евентуално повлекување на оваа институција од земјата автоматски ќе се одрази и врз приватните задолжувања.

    Официјално, се уште никој не ја потврдува веста дека минатата недела Бордот на директори на Светска банка дал инструкции да се прекине втората фаза од програмата со која требал да се обезбедат заеми за 57 општини во Македонија во износ од 25 милиони евра. Но, изворите кои ги контактиравме тврдат дека ниту Светска банка ниту комерцијалните банки надвор од Македонија ќе може да и даваат поволни заеми на новата влада после изборите, ако таа не биде признаена од ЕУ и од САД.

    “Ако Светска банка одлучи да го прекине кредитирањето во Македонија тоа ќе биде сигнал за управувачките структури на приватните банки кои се поврзани и кои ја следат политиката на  Светска банка. Доколку пак и Европската унија воведе некакви санкции кон функционери на владејачката партија и нивни финансиски поддржувачи, ова ќе биде неизбежна последица”, велат нашите извори од Светска банка кои не се овластени да даваат официјални изјави.

    При одобрувањето на последниот кредит од 25 милиони евра, Бордот на директори на 11 јануари годинава сооопшти дека проектот ќе стане ефективен и распределбата на парите ќе почне дури по завршувањето на изборите. Тогаш се уште беше актуелен датумот 24 април како ден кога требаше да се одржат предремените избори.

    “Бордот на директори на Светска банка го сочинуваат претставници на владите на земјите-членки на ЕУ. Ако земјата, која тие ја претставуваат во оваа финансиска институција, не го признае легитимитетот на новата македонска влада ако биде избрана на некредибилни избори, тоа значи дека и тие нема да се согласат да даваат кредити на нелегитимна влада”, објаснуваат истите извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Сегашното инвестициско портфолио на проекти финансирани од Светската банка во Македонија се состои од шест проекти во износ од 300 милиони долари. Последниот проект за поддршка на 57 општини беше предвиден за реконструкција на улици, изградба на водоводи, изнесување на отпад и реновирање на зградите на општинските администрации.

    Според официјалните податоци објавени на веб страницата на Светска банка, Македонија досега искористила заеми во износ поголем од една милијарда американски долари, наменети за поддршка на пазарната економија, градење на ефикасни институции, унапредување на образованието, социјална заштита и пензии, изградба и обнова на основната транспортна и енергетска инфраструктура и зачувување на природното и културно наследство.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари