„ЕРИКСОН“ НЕМА ДА ДАВА ИЗЈАВИ ДОДЕКА ТРАЕ ИСТРАГАТА НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ЕРИКСОН“ НЕМА ДА ДАВА ИЗЈАВИ ДОДЕКА ТРАЕ ИСТРАГАТА НА СЈО

    „Ериксон“, производителот на опремата за прислушување во УБК, за која Специјалното јавно обвинителство има судска наредба за претрес, нема да коментира додека трае истрагата, изјавија од шведската телекомуникациска компанија за САКАМДАЖАМ.МК. Од „Ериксон“ упатуваат на СЈО за сите прашања во врска со случајот.

    „’Ериксон’, поради истражната постапка во овој случај, не сака да коментира и Ве упатува за сите прашања да се обратите до обвинителството“, ни одговорија од компанијата.

    САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати кај „Ериксон“ за следните прашања:

    • Специјалното јавно обвинителство соопшти дека експерт од „Ериксон“ треба да дојде во Скопје и да помогне со истрагата, бидејќи опремата е произведена од вашата компанија. Во кое својство доаѓа експертот и кои се неговите овластувања?
    • Зошто е неопходно вклучувањето на „Ериксон“?
    • Дали е веродостојно тврдењето дека тајната полиција не може да ја изврши судската наредба и да овозможи пристап на Специјалното јавно обвинителство до бараните податоци за прислушувањето без вклучување на „Ериксон“?

    Вчера, „Ериксон“ потврди дека добиле барање од СЈО за техничка помош во истрагата за прислушувањето, но вели дека компанијата не е сопственик, ниту оперира со опремата за прислушување.

    „’Ериксон’ потврдува дека на 19 октомври 2016 година доби барање од Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на законското пресретнување на комуникации“, соопшти шведската компанија.

    СЈО од завчера нема свои истражители во просториите на УБК, откако директорот Владимир Атанасовски го одби барањето да дозволи физичко присуство на истражители од СЈО во просториите на УБК се до доаѓањето на надворешниот експерт кој би асистирал при спроведување на судската наредба, со образложение дека УБК гарантира дека опремата и системите ќе бидат обезбедени. Од СЈО кажаа дека компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим влегоа во УБК во средата со судска наредба за преземање на документацијата за сите решенија за посебни истражни мерки во периодот од 2008 до 2015 година и сите имиџи и снимени разговори во истиот период.

    Но, тимот обвинители и истражители на СЈО се соочи со опструкции од вработените во УБК, како и од директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и дополнителниот заменски министер за внатрешни работи Оливер Андонов и по два дена успеа да одзеде само дел од бараните податоци од УБК.

    Исто така во петокот, додека Јанева беше на интервју во телевизијата Телма, истражителот, кој дежураше во УБК, беше избркан од просториите на УБК и ја чекаше во кругот на МВР. Таа потоа си го зеде избрканиот истражител и се врати во просториите на СЈО откако доби уверување од министерот Спасовски дека обезбедувањето на МВР ќе се погрижи ништо да не биде изнесено од УБК во текот на ноќта, а претходно беше и во полициската станица Центар, од каде го зеде со себе приведениот истражител, кој беше задржан од полицијата, бидејќи фотографирал објект на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира