КАТИЦА ЈАНЕВА ОСТАВЕНА САМА ДА СПРОВЕДУВА СУДСКИ НАЛОГ ПО СИНОЌЕШНИТЕ БРКОТИНЦИ СО ПОЛИЦИЈАТА И СО УБК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА ЈАНЕВА ОСТАВЕНА САМА ДА СПРОВЕДУВА СУДСКИ НАЛОГ ПО СИНОЌЕШНИТЕ БРКОТИНЦИ СО ПОЛИЦИЈАТА И СО УБК

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема никаква поддршка од институциите и функционерите во обидот да ги спроведе двата судски налога за преземање документација за посебни истражни мерки и снимени разговори од Управата за безбедност и контраразузнавање, од кои може да се открие дали во оваа институција имало незаконско прислушување во периодот од 2008 до 2015 година.

    СЈО веќе четврт ден не може да го комплетира претресот на системот за следење на комуникациите во УБК, а во меѓувреме не се огласи ниту Основниот суд Скопје 1, кој ги издаде двете судски наредби за претрес на УБК, ниту пак Судскиот совет, кој се грижи за законитост и непречено извршување на судските постапки.

    Јанева наиде и на опструкции во МВР, откако синоќа наиде на затворена врата во централата на министерството и десетина минути се натегаше со портирот да ѝ отвори. Таа десетина пати му повтори: „Отвори!“, додека портирот се правдаше дека чека повик од министерот Оливер Спасовски за да ја пушти специјалната обвинителка да влезе во седиштето на МВР, каде се наоѓа и УБК. По неколку телефонски разговори и пораки, капијата на МВР беше отворена и Јанева, во придружба на обвинителката Ленче Ристовска, се упати кон УБК.

    Специјалната јавна обвинителка синоќа беше и во полициската станица Центар за да го ослободи нејзиниот истражител, приведен поради фотографирање на објект на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. (Фото: СДК.МК)

    Јанева синоќа беше и во полициската станица Центар за да го ослободи нејзиниот истражител, приведен поради фотографирање на објект на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. (Фото: СДК.МК)

    Претходно синоќа, додека Јанева беше на интервју во телевизијата Телма, еден истражител ѝ беше приведен и задржан во полициската станица Центар, бидејќи, како што кажа подоцна Спасовски, фотографирал објект на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а друг ѝ беше избркан од просториите на УБК и ја чекаше во кругот на МВР.

    Веднаш по завршување на интервјуто, Јанева беше во полициската станица и го зеде со себе приведениот истражител, за кој таа тврди дека бил неосновано задржан од полицијата, а потоа, по натегањето со портирот на влезот на МВР, си го зеде и избрканиот истражител и се врати во просториите на СЈО откако доби уверување од министерот Спасовски дека обезбедувањето на МВР ќе се погрижи ништо да не биде изнесено од УБК во текот на ноќта.

    Сето ова се случуваше едвај 24 часа откако Амбасадата на САД и Постојаната мисија на ЕУ во Македонија по којзнае кој пат предупредија дека на СЈО мора да му се овозможи непречена истрага затоа што утврдувањето на прашањето кој прислушувал и дали е точно тоа што се слуша во истечените снимки е клучно за излез од политичката криза.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира