КАТИЦА ЗА ФАЈНЕНШАЛ ТАЈМС: ПОМИЛУВАНИТЕ ОД ИВАНОВ ЌЕ ГИ ГОНИМЕ И ЗА ДРУГ КРИМИНАЛ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:511:"Специјалниотобвинителсесоочувасоогромнипречки,меѓукоииобезбедувањесведоци,одкоимногуминасеплашатдасоработуваатпорадизасиленнадзор.“ТоаможедастанеуштепотешкооткакоКостаКрпач,сведок,умреоткакобешезастреланвоградите“,пишувалондонскиотвесник";s:9:"td_source";s:51:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК,ФТ)

    КАТИЦА ЗА ФАЈНЕНШАЛ ТАЈМС: ПОМИЛУВАНИТЕ ОД ИВАНОВ ЌЕ ГИ ГОНИМЕ И ЗА ДРУГ КРИМИНАЛ

    „Ако претседателот има намера да продолжи со помилувањата на луѓе кои се обвинети, тој ќе има многу работа, оти ние нема да сопреме“ изјавила специјалната обвинителка Катица Канева за Фајненшел тајмс.

    Најголемиот светски дневен весник за бизнис и економија открива дека Канцеларијата на Специјалниот обвинител во Македонија се соочува со огромни пречки, меѓу кои и обезбедување сведоци, од кои многумина се плашат да соработуваат поради  засилен надзор. “Тоа може да стане уште потешко откако Коста Крпач, сведок, умре откако беше застрелан во градите“, пишува весникот.

    Во текстот под наслов „Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“, економскиот дневен весник ја опишува специјалната обвинителка како „камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза“.

    Лондонскиот весник пишува дека Јанева  како специјален обвинител е  фрлена во средиштето  на вртлогот што ја зафати Македонија. Нејзината работа е да ги гони високите политички личности обвинети дека краделе избори и ги користеле разузнавачите служби за партиски цели.

    Katica Janeva

    „Девојки од соништата“ е мојот омилем филм“, радосно му кажала Јанева на репортерот од лондонскиот весник (Фото: СДК.МК)

    „Постојано поддржувана од две офицерки – во зачудувачи контраст на политичката сцена во Македонија во која доминираат мажи – таа му пркоси на претседателот со покренување неколку нови истраги, пишува Фајненшел тајмс во сторијата за специјалната обвинителка.

    Весникот открива дека на почетокот правните кругови гледале со недоверба кон непознатата обвинителка од Гевгелија, која низ смеење муабетела со репортерот на Фајненшал Тајмс и му ја открила нејзината љубов кон музичките ТВ емисии како што е „Икс фактор“.

    „Но, многумина велат дека ја потцениле нејзината  способност да стекне  јавна поддршка. Пред едно кафуле во Скопје две тинејџерки притрчаа да и побараат автограм. Во оваа земја таа е како Бијонсе, рече едната“, забележува репортерот на Фајненшал Тајмс во својата приказна од Скопје. „Девојки од соништата“ е мојот омилем филм“, радосно му кажала Јанева.

    Западен дипломат за Фајненшал Тајмс изјавил: „Претседателското предвремено помилување покажа дека Јанева станала опасна“. Фото: СДК.МК

    Западен дипломат за Фајненшал Тајмс изјавил: „Претседателското предвремено помилување покажа дека Јанева станала опасна“. Фото: СДК.МК

    Весникот пишува дека откако ги објавила случаите „Титаник“ и „Тврдина“ таа се соочила со лични напади, институционална затвореност, а во средата клучен сведок бил застрелан во неговиот стан во Скопје.

    Западен дипломат за Фајненшал Тајмс  изјавил: „Претседателското предвремено помилување  покажа дека Јанева станала опасна“.

    „Знам како функционираат политичките партии, им го разбирам менталитетот  и како работат. Верувам во себе и во мојата способност да си ја вршам работата“, изјавила Јанева и рекла дека смета оти „амнестијата нема правна основа и нејзиниот тим подготвува нови обвиненија за веќе помилуваните осомничени, за други кривични дела.

    На обвинувањата на претседателот дека нејзиното обвинителство е злоупотребено за добивање политички поени таа одговара: „Не обрнувам внимание на тие забелешки. Си ја вршам својата работа“.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари