НЕПРИЗНАВАЊЕТО НА ДИПЛОМИТЕ Е ДОГОВОРЕНО СО ТУРЦИЈА, ВЕЛИ МНР, А МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ЗНАЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕПРИЗНАВАЊЕТО НА ДИПЛОМИТЕ Е ДОГОВОРЕНО СО ТУРЦИЈА, ВЕЛИ МНР, А МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ЗНАЕ

    Непризнавање на македонските дипломи во Турција е резултат на претходен договор меѓу надлежните институции на Македонија и на Турција, изјавија од Министерството за надворешни работи (МНР).

    Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција вчера ја објави во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември лани, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари.

    „Донесувањето на ваквата одлука е дел од усогласувањето дека билатералниот договор од 1998 година треба да престане да важи, затоа што двете држави ја ратификувале Лисабонска конвенција на Советот на Европа и на УНЕСКО. Наведената конвенција е усвоена во Лисабон на 11 април, 1997 и е ратификувана од поголем број на европските држави меѓу кои се и Македонија и Турција“, изјавија денес од  МНР.

    Според Лисабонската конвенција, дипломите и периодите на студирање мора да бидат признаени освен ако институцијата задолжена за признавање не докаже дека има суштествени разлики. Со Конвенцијата, на студентите и дипломците им се гарантираат фер процедури.

    Конвенцијата стапи на сила на 1 февруари, 1999, во Македонија се применува од 1 јануари, 2003, а во Турција од 1 март, 2007.

    МНР не одговори дали и какви последици ќе има раскинувањето на билатералниот договор за македонските студенти во Турција и за турските студенти во Македонија.

    Mинистерот за образование Пиштар Љутфиу вчера за Алсат-М рече дека не верува оти има причина за раскинување на договорот.

    Од МНР потсетуваат на ставот на министерството за соработката помеѓу македонските и турските институции искажан неколку пати претходно, во кој јасно е истакнато дека Република Македонија и во моментот на државниот удар врз Турција останува со целосна поддршка за демократските институции на земјата, и во духот на пријателските односи соработува на многу полиња, меѓу кои и образованието.

    Вознемиреност кај македонските студенти во Турција, како и турските во Македонија предизвика одлуката на Турција да го раскине договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа.

    „Непризнавањето на дипломите од македонските училишта влеа страв кај студентите кои моментално студираат во Турција. Тука има македонски студенти кои претежно студираат информатика, економија, градежништво и новинарство. Тие се сега во незвесност што ќе се случи понатаму. Најверојатно, од оваа одлука ќе бидат засегнати и новите студенти кои планираа годинава да се запишат на факултетите во Турција“, вели битолчанецот Мартин Николовски, студент во Анкара.

    Македонија и Турција имаа воспоставено соработка на образовен план со меѓусебно признавање на дипломите уште од 1998. Раскинувањето доаѓа во период по турското барање за затворање на училиштата и фондациите поддржани од дисидентскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кого власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека стои зад пучот лани во јули.

    Министерот за надворешни работи Никола Попоски лани на 24 август потврди дека одлука има, но не даде јасен одговор на прашањето што одлучила македонската влада на 21 август, по барањето на Турција за затворање школи, универзитети и фирми во Македонија поврзани со свештеникот Фетулах Ѓулен.

    „Во поглед на прашањето за одлука на влада: да, владата има донесено одлуки. Сите одлуки што би ги носеле и ќе го носиме ќе бидат во согласност со нашето законодавство и со нашите национални интереси. Тоа било и ќе биде“, рече тогаш Попоски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира