НОВ РАСПОРЕД И ВО ВРХОВНИОТ СУД, ЗА СИТЕ КРИВИЧНИ ПРЕДМЕТИ ЌЕ ОДЛУЧУВА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА БАЈЛОЗОВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВ РАСПОРЕД И ВО ВРХОВНИОТ СУД, ЗА СИТЕ КРИВИЧНИ ПРЕДМЕТИ ЌЕ ОДЛУЧУВА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА БАЈЛОЗОВА

    И во Врховниот суд, исто како и во Основниот суд Скопје 1 е направена нова распределба на судиите во најважните оддели. Новиот распоред денеска бил дистрибуиран до судиите.

    В.д. претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова според новиот годишен распоред на судиите иако е избрана како граѓански судија во Врховниот суд, се распоредила во најважниот, Кривичниот совет на највисокиот суд во Македонија на местото на нејзината претходничка, експретседателката на Судот, Лидија Неделкова, која како судија – кривичар е сосема тргната од овој совет. Бајлозова ќе биде претседател на Кривичниот совет или Одделот за казниви дела.

    Лидија Неделкова е прераспределена во одделот за судење во разумен рок, како член. Таа во ниеден од советите на Врховниот суд не е ниту претседател или заменик-претедател.

    Во годишниот распоред, чија примена почнува од први март годинава, в.д. претседателката Снежана Бајлозова ќе членува и во повисоките совети на Врховниот суд кои ќе одлучуваат по жалбите постапки против одлуките што ги носеле советите во кои и таа претходно учествувала во носењето на одлуките.

    Бајлозова е прва и во Одделот за судска пракса, покрај уште 6 врховни судии.

    Иако е граѓанската судијка Бајлозова ја нема во Одделот за граѓански дела.

    Во годишниот распоред пишува и дека “претседателот на одделот Снежана Бајлозова не се задолжува со предмети како судија – известител“. Но затоа, пак, со новиот распоред таа станува судија кој ќе одлучува по барањата за донесување на наредба за следење на комуникациите според Законот за следење на комуникациите (или закон за прислушкување). Пред неа, овие одлуки ги носеше поранешната претседателка Лидија Неделкова.

    Новиот годишен распоред за работата на судиите во највисокиот суд во Македонија е донесен во исто време кога и в.д. претседателката на Кривичниот суд Татјана Михајлова донесе нов распоред на судии. И распоредот на Михајлова стапува во сила како и тој на Бајлозова, од први март годинава.

    Михајлова прераспореди меѓу 15 и 20 судии од своите работни места и од предметите што ги работат, преместувајќи ги дел во Судот за прекршоци под казна, дел во оддели кај што се судат стари предмети, според претходниот Закон за кривична постапка.

    За барањата за заштита на законитоста на постапките во врска со истрагите што ги води СЈО, ќе одлучува Врховниот суд.
    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира