ОСУМЧЛЕНО СЛЕПО СЕМЕЈСТВО ТРИПАТИ ОДБИЕНО ЗА СОЦИЈАЛЕН СТАН

    ОСУМЧЛЕНО СЛЕПО СЕМЕЈСТВО ТРИПАТИ ОДБИЕНО ЗА СОЦИЈАЛЕН СТАНОсумчленото семејство Младеновски живее во голема беда во планинското село Враготурце (Фото: СДК.МК)

    Осумгодишно девојче со интелектуална попреченост  пешачи десетина километри дневно за да оди на училиште. Првачето Елеонора Младеновска од селото Враготурце, од почетокот на учебната година секој ден поминува по 4 часа во планина за да стигне на настава во соседното село Пелинце. Од дома излегува околу 5.30 часот и пробивајќи се по густата шума, непристапниот и стрмен терен, во училиштето доаѓа во 7.30, па откако ќе и завршат часовите повторно назад. Нејзиното семејство живее на крајот на селото на падините на Козјак, на 1.200 метри надморска височина, на самата македонско-српска граница, 40 километри од Куманово. До нив може да се стигне исклучиво со џип, по тесен земјен пат долг 15 километри кој го поврзува селото со регионалниот пат Пелинце- Куманово.

    Првачето Елеонора Младеновска од селото Враготурце, од почетокот на учебната година секој ден поминува по 4 часа во планина за да стигне на настава во соседното село Пелинце (Фото: СДК.МК)

    Првачето Елеонора Младеновска од селото Враготурце, од почетокот на учебната година секој ден сама поминува по 4 часа во планина за да стигне на настава во соседното село Пелинце (Фото: СДК.МК)

    „По скратени патеки оди по 13 километри, а да кружи по главниот пат има 30 километри. Кога времето беше убаво па и некако, но сега кога почна да врне, да дува силен ветер и да паѓа снег, нема шанси да стигне до училиштето. Волци и чакали ќе ја растргнат по ова невреме. До неодамна за неа се грижеше најстарата ќерка, но таа се омажи. Нема кој повеќе да ја води на училиште и минатата недела ја пропушти наставата. Јас сум слеп, жена ми има ментален хендикеп, а мајка ми е стара и тешко се движи. Детето само не го знае патот. Двапати го водев јас, но заталкавме па не бараа ловџиите. Од училиштето ми викаат ако направи повеќе од 10 неоправдани изостаноци ќе следува казна. Јас имам документ дека детето е со посебни потреби и треба да има придружник и превоз што го плаќа државата. Ако не го обезбедат ќе мора да ја испишам од училиште“,  вели Новко Младеновски, татко на Елеонора.

    Од Центарот за социјални работи од Куманово, велат дека на родителите им понудиле детето да го сместат во ученичкиот дом во селото Драгоманце, но тие не прифатиле. Ако родителите немаат услови да го праќаат детето во училиште тие се подготвени веднаш да му обезбедат престој во интернатот.

    „Не можам детето да го пратам да живее само, затоа што не е добро со здравје и не може само да се грижи за себе. Мора да има придружба и стручна помош, а во домот има само еден воспитувач попладневне и ноќе. Од тие причини не ја пуштам, инаку за мене лично подобро е да седи во ученичкиот дом, бидејќи нема да се мачи да патува и ќе има стопати подобри услови за престој и храна од дома“, вели Новко.

    Тој вели дека на почетокот на учебната година од училиштето добил само ветување дека Општината Старо Нагоричане ќе обезбеди превоз за детето. Зошто не е исполнета обврската се обидовме да добиемо одговор од градоначалникот Милован Стојковски, но тој не одговараше на телефонските повици.

    ОПШТИНАТА И МИНИСТЕРСТВАТА  НЕ ГЛЕДААТ ПРОБЛЕМИ КАЈ МЛАДЕНОВСКИ

    Осумчленото семејство Младеновски живее во голема беда. Во стара и трошна куќичка од едвај триесетина квадрати, во две собички со оскуден мебел, без купатило и елементарни услови за живот, притиснати со сериозни здравствени проблеми овие луѓе на свои плеќи ја носат сета суровост на животот.  Покрај Елеонора, имаат уште 4 деца. Најстарата Ангелина има 20 години, Стефан и Филип, кои се трета година средното и деветто оделение се сместени во Домот за слепи лица во Кисела Вода, а најмалиот Мики (5) живее со родителите. Сите деца имаат оштетувања на видот од 50 до 95 проценти и неопходна им е редовна и соодветна здравствена заштита за да не ослепат како татко им. Семејството со години бара стан од државата, но откако пред 5-6 години трипати биле одбиени со образложение дека нема слободни станови, ја изгубиле надежта дека некој ќе им помогне.

    Барам било каков стан, само да се спуштиме од планината и децата да ги школувам“, вели Новко (Фото: СДК.МК)

    „Барам било каков стан, само да се спуштиме од планината и децата да ги школувам“, вели Новко (Фото: СДК.МК)

    „Барам било каков стан, само да се спуштиме од планината и децата да ги школувам. Не барам стан во центарот на градот, бидејќи јас не можам таму ни да живеам, не можам да се движам по улиците. Туку некаде на периферија. Да имам услови на отидам во продавница да купам храна и лекови. Плаќам 50 евра да дојде некој од дома да ме земе и да ме врати со возило. Некогаш и 3-4 пати месечно. Во општината Старо Нагоричане имаше 8 слободни станови, во кои се вселија семејства на диво, но мене не ми дадоа. Градоначалникот и министерствата се слепи за решавање на мојот проблем. Тежок е животот во планина и за здрави луѓе, а не за болни како нас. Немаме никаКви услови за живот. Куќата само што не ни паднала, кровот протекува, поради што еден од ѕидовите попушти. И тоа малку мебел што го имаме, едно шифоњерче и железни кревети, ни се упропастија од влагата. Кога сите деца ќе се приберат шестмина спиеме во една соба, нема каде на друго место“, вели Новко.

    Од Министерството за транспорт за врски и Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор велат дека социјалните станови се доделуваат преку Комисијата за стамбени прашања во Владата и тие не се запознаени со барањето на Младеновски. Откако им објаснивме за кoj случај станува збор, рекоа дека ќе проверат во документацијата зошто семејството е одбиено и дали ги исполнува условите пропишани со закон за добивање социјален стан.

    Новко го изгубил видот пред 12 години, а болеста ја наследил од семејството на мајка му, која за жал се пренела и на неговите деца. Порано работел како градежен работник, а сега живее од социјална помош која ја добива по неколку основи.

    Стрмниот двор и распаднатите помошни објекти дополнително го отежнуваат движењето на Новко, па по потреба го водат двете најмали дечиња, цврсто фатени за рака едни за други (Фото: СДК.МК)

    Стрмниот двор и распаднатите помошни објекти дополнително го отежнуваат движењето на Новко, па по потреба го водат двете најмали дечиња, цврсто фатени за рака едни за други (Фото: СДК.МК)

    „Живееме сиромашно, но не трпиме за леб. Мајка ми се грижи за сите нас, што ќе биде потоа само господ знае. Живееме во планина, а нема кој дрва да ми набере. Порано беше подруго, луѓето имаа разбирање за мојата мака па сакаа да помогнат. Сега сите се отуѓија и само ако им платиш те гледаат. Кога доаѓаат децата се организираме и гледаме некако да ги завршиме работите што не можам самиот. Но најчесто плаќам за секоја услуга“, вели Новко.

    Тој апелира до државата и хуманите луѓе да му помогнат да се спаси од суровиот и тежок живот за него и неговите деца, додека не доцна и не им се случи некоја несреќа во планината.

    26 ГОДИНИ СЕ ВОДИ КАКО ВРАБОТЕН, А РАБОТЕЛ САМО 8 МЕСЕЦИ

    Новко се води како вработен во Агенцијата за вработување Куманово, иако  не може да работи, бидејќи е тежок инвалид со 100 отсто оштетен вид. Тој во 1989 година работел кратко време во една фирма  и оттогаш не го одјавиле.

    „Работев 8 месеци во каменоломот за кварц на ‘Силекс’ во селото Пелинце. И ден-денеска не сум одјавен. Во Социјално ми викаат дека ќе ми ја прекинат социјалната помош ако не се одјавам. Јас бев во Куманово, во Кратово, но не успеав ни да ја најдам фирмата. Се сомневам некој да не прави малверзации на мое име“, вели Новко и бара надлежните да помогнат да го одјават или државата да му даде пензија, кога веќе толку време се води како вработен.

    Од Центарот за вработување во Куманово потврдија дека Младеновски се води како вработен кај нив 26 години, а во работен однос бил само во 1989 година. Тие велат дека ќе ја завршат процедурата, откако фирмата ќе достави до нив одјавница за вработениот.

    Од фирмата „Силекс“ во Куманово велат дека постапката веќе е започната и по изборите ќе се заврши. Младеновски останал пријавен затоа што, откако пропаднала фирмата „Ку-пром“,се затуриле документите на тројца работници и дури откако почнале да учествуваат на тендери ги откриле неодјавените вработени.

    disklejmer-prikazni-23734

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира