ПОДАТОЦИТЕ ОД ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ НЕ СЕ СОВПАЃААТ СО ПОДАТОЦИТЕ НА ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОДАТОЦИТЕ ОД ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ НЕ СЕ СОВПАЃААТ СО ПОДАТОЦИТЕ НА ДИК

    Државната изборна комисија е затрупана со извештаи, т.е. записници од Општинските изборни комисии за исходот од вчерашното гласање, чии податоци не се совпаѓаат со податоците од електронската апликација на ДИК, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во ДИК кои не се овластени да даваат изјави за јавноста.

    Во ДИК не крева телефон буквално никој. Официјално, нема конечни резултати од гласањето. Нема најава ниту за прес-конференција. Никој не сака да каже конечни резултати од гласањето, која партија колку мандати освоила, кој победи на изборите.

    „Во ДИК е хаос во моментов. Почнуваме да ги пробиваме законските рокови за постизборните процедури што треба да ги спроведе Комисијата. Постапката на доставување на записниците од Општинските изборни комисии е во тек, уште трае. Но, како што стигаат, се утврдува несовпаѓање со електронските податоци на ДИК. Никој не кажува кај е киксот. Никогаш не се случило ние да немаме официјални и конечни резултати до 13 часот утредента по секои избори“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК изворите од службите во Комисијата.

    Несовпаѓање има во податоците од записниците на ОИК во врска со бројот на излезени гласачи, на неизлезени гласачи, процентот на излезност, број на освоени гласови кај партиите и на неважечки ливчиња, во однос на вкупните бројки што ги има ДИК на нејзината електронска апликација.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира