ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА ИЗБЕГНУВААТ СОБИРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ Е СТАНДАРДНА ПРОЦЕДУРА, ВЕЛАТ ОД АМБАСАДАТА НА САД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА ИЗБЕГНУВААТ СОБИРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ Е СТАНДАРДНА ПРОЦЕДУРА, ВЕЛАТ ОД АМБАСАДАТА НА САД

    Американската амбасада во Скопје ги предупреди своите државјани во Македонија да избегнуваат масовни собири на 11 декември, денот на изборите, бидејќи се можни немири, но оттаму велат дека тоа е стандардна процедура што се применува насекаде низ светот.

    „Македонија ќе одржи парламентарни избори во недела, 11 декември. Додека неодамешните избори во Македонија беа мирни, можни се немири поврзани со изборите. Американската амбасада ги повикува сите американски државјани да бидат свесни за настаните во врска со изборите на 11 декември и да избегнуваат големи толпи, протести и собири кога е можно. Американските државјани треба да ги следат советите на локалните функционери кои се одговорни за безбедноста и сигурноста на сите посетители во Македонија“, објави на својата веб страна вечерва Амбасадата на САД во Македонија.

    САКАМДАКАЖАМ.МК побара коментар од Амбасадата на САД во врска со соопштението и одговорот беше дека тоа е стандардна процедура.

    „Амбасадата ја објави оваа безбедносна мерка за да им укаже на американските државјани кои живеат и привремено престојуваат овде дека ќе има избори на 11 декември. Ова се стандардни пораки што се објавуваат насекаде во светот и обврска на Амбасадата е да обезбеди дека американските државјани се свесни дека ќе има избори и поради тоа може да има собири и масовни настани кои носат ризици од насилство“, ни изјавија од Амбасадата на САД.

    Американската амбасада во Скопје вели дека Владата на САД ги поддржува изборите во Македонија и дека изборите се критичен дел од секоја  демократија и затоа ги поддржуваат напорите со кои се охрабруваат граѓаните да излезат и да гласаат. Амбасадата на САД активно ќе учествува во набљудувањето на изборите заедно со други меѓународни и домашни набљудувачи.

    „Оваа безбедносна мерка не треба да се сфати како коментар за изборите во Македонија, туку исклучиво како наша обврска кон државјаните на САД“, велат од Амбасадата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира