ТОНИ ЈАКИМОВСКИ, ВТОРООСОМНИЧЕН ВО „ТВРДИНА“, НА РАСПИТ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТОНИ ЈАКИМОВСКИ, ВТОРООСОМНИЧЕН ВО „ТВРДИНА“, НА РАСПИТ ВО СЈО

    Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска дојде на распит во СЈО. Јакимовски е и еден од 56-те помилувани на листата за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов што сега е повлечена.

    „Тврдина“ е третата истрага на СЈО, што ја објави на 30 март, со петмина осомничени кои се товарат дека лани ја искористиле својата службена положба за да ја уништат опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра. Првоосомничен е Горан Грујовски, кој беше началник на Петтата управа на МВР, а кого министерот Митко Чавков го разреши на 20 јули, второосомничен е Јакимовски, третоосомничена е ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, четвртоосомничен е вработен во МВР кој обезбедил логистичка поддршка за спроведување на униништувањето на опремата, а петтосомничената е  технички документарист во МВР.

    Јакимовски беше еден од тројцата осомнични во овој случај за кои СЈО бараше мерки на претпазливост и одземање на пасошите, но Кривичнот суд на 1 август го одби барањето, а на 4 август и Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го потврди решението на судијата на претходна постапка да не им одреди мерки на претпазливост на тројца од осомничените во „Тврдина“. Во овој предмет судот единствено одреди мерка одземање на пасошот на првоосомничениот Горан Грујовски, за кого, пак, беше побаран притвор.

    Токму во тој период, беше потврдена и информацијата дека Јакимовски стана генерален директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот (СЕЛЕК), меѓународно тело за борба со криминалот, вклучувајќи организиран криминал во Југоисточна Европа, со седиште во Букурешт, Романија. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков ја одобрил одлуката Тони Јакимовски да конкурира за меѓународна функција и да ја добие и покрај тоа што против него се води истрага.

    Јакимовски конкурирал на внатрешниот конкурс на МВР, но поради отворената истрага тој бил суспендиран од работното место во УБК, а министерот Оливер Спасовски и комисија во министерството во почетокот на мај избрале друг кандидат за раководната функција  во СЕЛЕК, што е центар за регионална соработка на полициите и царините од 12 балкански држави – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Во меѓувреме Спасовски беше сменет, за министер за внатрешни работи се врати Митко Чавков, а Јакимовски доби аболиција од Иванов која подоцна е укината. Тогаш МВР ја менува одлуката и наместо стариот кандидат, со потпис на министерот Чавков, Тони Јакимовски станува кандидат кој на 30 јуни во Букурешт е избран наредните 4 години да биде генерален директор на СЕЛЕК.

    Канцеларијата на СЕЛЕК е во романскиот Парламент, и Јакимовски најверојатно следниве 4 години ќе треба да живее во Букурешт.

    Јакимовски од 2014-та до 2016-та работел како Национален координатор за борба против тероризмот, лани бил помошник директор за координација во МВР и УБК, а од 2006-та до 2015-та е раководител на Сектор за координација во МВР и УБК.

    Во биографијата на Јакимовски стои и дека во 2010-тата бил на постдипломски студии поддржани од американскиот Стејт департмент на универзитет во државата Делавер, на источниот брег на САД. Во Делавер, држава со лабави финансиски правила, е и фирмата „Американ Инкорпорејторс“, сопственикот кој ја основал фирмата „Финзи“ со адреса во државата Њујорк. Американската„ Финзи“ е сопственик на скопската истоимена фирма „Финзи“ која како и Јакимовски е дел од истрагите на СЈО за набавки на опрема за прислушување и примање мито од израелски бизнисмен. Управител на „Финзи“ од Македонија беше и скопјанецот Коста Крпач, сведок на СЈО, но и помилуван од Иванов, а беше најден мртов во својот стан за што првично обвинителството соопшти дека станува збор за самоубиство, а истрагата уште трае.

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во понеделникот соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Јавно Обвинителство, но таа нема да открива детали за предистражните посташки.

    „Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, соопшти Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира