ЧУДО ОД ДЕТЕ ЖИВЕЕ ВО ТИШИНА, А ТАНЦУВА КАКО МАЈКЛ ЏЕКСОН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЧУДО ОД ДЕТЕ ЖИВЕЕ ВО ТИШИНА, А ТАНЦУВА КАКО МАЈКЛ ЏЕКСОН

    Живее во светот на тишината, а танцот е неговиот живот. Иако воопшто не слуша, игра на забавна музика како Мајкл Џексон, а на народна вие ора како да ги слуша тапанот и зурлата. Десетгодишниот Алиекебер Шакиров од Кочани, штитеник на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ во Битола, има тешко оштетување на слухот. Но, ваквата состојба не успеа да му ја одземe живоста, темепраментот и да го попречи во развивањето на талентот.

    Али игра ритмички прецизно како на мелодија која ја слушнал сто пати (Фото: СДК.МК)

    Али игра ритмички прецизно како на мелодија која ја слушнал сто пати (Фото: СДК.МК)

    Веќе неколку години со братот и сестричката се смесетни во Заводот во Битола. Дома одат за празници, распусти и викенди. Али во Заводот не пречека насмеан, полн енергија и за запознавање на почести играјќи брејкденс. Немаше музика, но неговите чекори беа изведени ритмички прецизно како да играше на мелодија која ја слушнал сто пати. Потоа, на знаковен јазик ни се претстави скратено како Али. Така го викаат другарчињата и наставниците во Заводот.

    Бидејќи не умее да зборува, вработените во Заводот ни помогнаа на знаковен јазик да го запрашаме зошто толку сака да танцува.  Одговорот беше дека танцот го прави да се чувствува посебно и вредно.

    „Али е чудо од дете“, ни рече директорката на Заводот Маре Стојменовска Мицевска. „Детето  иако не слуша, има страшно голем осет за ритам. Има голема дарба. Никогаш не е тажно, постојано е насмеано. Вклучен е во сите секции, од ритмичко-балетска,  фолклорна, драмска. Многу е дружељубив, лесно се спријателува со децата“.

    За новогодишната претстава талентираниот Али подготви точка во која тој со другарка е во ресторан. Минатата година на настапите во Заводот и надвор од него, ја воодушеви публиката со изведбата на точката „Убавицата и ѕверот“ во која маскирани играа танго со девојче, пред две години учествуваше во претставата „Снежаната и седумте џуџиња“.  Со играорната секција настапувал низ Битола и други градови во земјава. Најновите ора кои ги научи се „Црногорка“ и „Бувчанско“. Заедно со него во играорната секција учествуваат уште десетина деца со оштетен слух од Заводот.

    Децата од играорната секција на Заводот со директорката Маре Стојменовска Мицевска (Фото: СДК.МК)

    Децата од играорната секција на Заводот со директорката Маре Стојменовска Мицевска (Фото: СДК.МК)

    „Иако не слушаат, тие се визуелисти, многу копираат и паметат. Сите други сетила кај нив се поизострени. Го чувствуваат тактот, ударот на тапан. Секоја година учат по три нови ора, а пред настапи попладне имаат редовно проби. Ваквите настани ги исполнуваат со радост, која најчесто ја изразуваат не со говор туку со гест“, вели Стојменовска Мицевска.

    Досега носијата ја позајмуваа од културно-уметничките друштва во градот, а сега планираат да направат своја. Од приватна компанија им дале 40 метри материјал, па останува да се сошие и украси.

    Не помалку интерес кај штитениците од Заводот предизвикуваат и уметничко- балетска, драмската, рецитаторска, еко, креативна секција. Драмските точки најчесто им се многу емотивни зашто се изнесени во вид на пантомима. Обожуваат да го имитираат Мистер Бин, Чарли Чаплин и други ликови кои во настапите не зборуваат туку гестикулираат.

    Креативците од  Заводот годишно учествуваат на над десетина настапи во установата и надвор од неа. Се вкрстуваат драмските, фолклорните, креативните точки, а со тоа се слави детската сила да се постигне успех во животот.  Тоа се настапи кои редовно ја трогнуваат публиката, а не се кријат ни солзите.

    Во Заводот учат 72 деца, од кои 40 тина се интернатски сместени. Покрај наставата, добиваат и индивидуален третман за рехабилитација на пречките што ги имаат, во опремени кабинети со стручен тим. Токму затоа, тука доаѓаат деца од цела Македонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    disklejmer-prikazni-23734

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира