КОЦЕ И ВЛАДАТА ОСУМ ГОДИНИ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ КОИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ОТРОВИТЕ ВО ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

КОЦЕ И ВЛАДАТА ОСУМ ГОДИНИ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ КОИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ОТРОВИТЕ ВО ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ

Сите мерни станици на Министерството за животна средина во Скопје вчера покажуваа зголемено присуство на канцерогените честички ПМ10 и ПМ2,5. Загадувањето на амбиенталниот воздух е најголемо во вечерните часови. Прексиноќа во 21 часот мерната станица во Лисиче покажа 600 микрограми честички на еден кубен метар, што е 12 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во 23 часот, пак, во Гази Баба и во Карпош беа измерени 350 микрограми честички на еден кубен метар. Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски, пак, вчера меѓу другите препораки даде и апел да не се проветрува дома оти воздухот е загаден.

„Реално, една година помина, а загадувањето на воздухот во Скопје е на исто алармантно ниво. Воздухот е нездрав и опасен. Возилата се постари за една година, а бројот на луѓе и дрва е намален. За оваа една година, единствен јавен проглас  и активност на тема аерозагадување се повторените препораки до граѓаните (во 2015 од Министерство за животна средина), а вчера од Град Скопје“, вели Марија Ѓорчева, инженер за животна средина, која лани направи анализа на утврденото загадување на воздухот во последните 12 години споредено со активностите што се преземени кои влијаат на квалитетот на воздухот, што доби голем одек во јавноста. Анализата покажа дека загадувањето на воздухот е документирано, исто како што се документирани и мерките кои што треба да го спречат, но преземените мерки од власта, и градската и државната се сосема спротивни – место спречување водат кон зголемување на загадувањето.

Имено, иако во Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) за Скопје од 2003 стои дека сообраќајот видно учествува во загадувањето на воздухот, Владата сепак стимулира купување на уште повеќе возила и дозволи увоз на стари возила (Еуростандард 1 и 2 додека во ЕУ од 2014 година воведен е Еуро 6 стандард). Ја зголеми површината наменета за автомобили уште повеќе, со проширување на улиците, и тоа на сметка на зеленило и пешачки патеки. Тротоарите ги одзеде од пешаците и ги пренамени во платени паркинзи. Вложи во шминкање на јавниот превоз. И во вториот ЛЕАП од 2011 година, како и во сите годишни извештаи за квалитетот на воздухот во Скопје, Ѓорчева укажува дека стои заклучокот оти индустријата учествува во емисија на ПМ честички со најголем процент. Имајќи го предвид овој заклучок, Владата сепак го одложува процесот на воведување интегрирани еколошки дозволи. Наместо тој да заврши во 2008 одложен беше за 2014, а за некои капацитети и за 2018. Во истиот ЛЕАП е утврдено дека во вкупната емисија на ПМ честички, домаќинствата учествуваат со скоро 18 отсто, но и покрај тоа Владата дава субвенции за огревно дрво.

Единствената конкретна мерка за намалување на загадувањето од лани се субвенциите за 196 скопјани кои купија печки на пелети. За споредба, Град Скопје за субвенции за печки на пелети одвои 5.890.000 денари, а речиси исто толку пари,  5.245.000 денари потроши за осветлување на патеката за џогинг покрај Вардар со барокни канделабри.

„Реално, една година помина, а загадувањето на воздухот во Скопје е на исто алармантно ниво. Воздухот е нездрав и опасен. Возилата се постари за една година, а бројот на луѓе и дрва е намален“,вели Марија Ѓорчева, инженер за животна средина, која лани направи анализа на утврденото загдување на воздухот во последните 12 години споредено со активностите што се преземени кои влијаат на квалитетот на воздухот, што доби голем одек во јавноста

„Реално, една година помина, а загадувањето на воздухот во Скопје е на исто алармантно ниво. Воздухот е нездрав и опасен. Возилата се постари за една година, а бројот на луѓе и дрва е намален“,вели Марија Ѓорчева, инженер за животна средина, која лани направи анализа на утврденото загадување на воздухот во последните 12 години споредено со активностите што се преземени кои влијаат на квалитетот на воздухот, што доби голем одек во јавноста

Ѓорчева за САКАМДАКАЖАМ.МК ги анализира вчерашните препораки на Град Скопје во споредба со индикаторите за животна средина на Министерството.

Дел од препораките  секако се веќе пропишани според Закон за заштита на животна средина како задолжителни, а за непочитување на некои од нив се пропишани и казни:

. Се повикуваат возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот

. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови

. Се повикуваат граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси (отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали)

. Се препорачува да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови

. Се препорачува редовно да се чистат оџаците

. Се предупредуваат граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со коишто се загадува воздухот во просториите

. Се повикуваат раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада,

. Се апелира до стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје

А дел од препораките се однесуваат само на моментална заштита на само еден дел од населението:

. Се повикуваат граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања.

. Се препорачува на одделни категории на населението (малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе) да не излегуваат на улица.

. Се препорачува на граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат

Во меѓувреме, состојбата  во Македонија, според  „Индикатори за животна средина“ од надлежното Министерство е следна:

СТАРОСТ НА ВОЗИЛА

„Од податоците во разгледуваниот период (1990-2014), за сите категории возила, може да се забележи дека најголем удел во вкупниот број на возила имаат возилата со старост над 10 години“ (патнички автомобили- помеѓу 14,43 и 17,7 години; автобуси има променлив тренд на опаѓање и растење и се движи помеѓу 20 и 15,3 години; камиони – помеѓу 16 и 14,1 години; влечни возила – просечната старост има тренд на опаѓање во периодот од 2001 до 2014, и се движи помеѓу 16,12 и 12,01 години.)

ВИДОВИ НА ГОРИВО ВО СООБРАЌАЈ

„(1995-2014) Користењето на бензин од автомобилите е најголемо, но со тренд на опаѓање од 40% во разгледуваниот период. За сметка на падот на употребата на бензинот, користењето на нафтата има тренд на зголемување од 2,3% во 1995, на 39,1% во 2014, што не значи дека е подобрување во однос на заштита на животната средина и намалување на емисиите во воздухот. Останатите видови горива имаат многу мал удел со тенденција на пораст и се движат од 0,5% во 1995 до 3,0% во 2014 година.“

СОСТОЈБА СО ПОШУМУВАЊЕ

„Процентот на пошумена површина со нови шуми има променлив тренд на намалување и зголемување на површините. Во периодот од 1990 до 2001 година има значителен пад од 52,8%, потоа, до 2003 година има пораст од 53,2%, па повторно пад од 37,3% до 2007 година. Најголем пораст има од 2007 до 2009 година, 120,23%, за потоа да има и најголем пад од 62,2% и 73,2% до 2014 година.“

ИНВЕСТИЦИИ И ТРОШОЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

„Во периодот од 2013 до 2015 година, инвестициите и трошоците покажуваат тренд на намалување. Најголемо подрачје на инвестирање и трошење на активности поврзани со заштита на животната средина е подрачјето на управување и постапување со отпад. Вкупните инвестиции и трошоци за заштита на животната средина во 2014 година се пониски во однос на 2013 година, за 12,3%. Трендот на намалување продолжува и во 2015. Во 2015 година најмногу средства се инвестирани за постапување со отпад додека во 2014 и 2013 година за циркулациски систем за снабдување со вода.“

„Односот меѓу трошоците за заштита на животната средина и бруто домашниот производ е важен индикатор за заштита на животната средина во однос на целокупната економска активност. Во периодот од 2013-2014 учеството на трошоците е околу 1,3% од БДП, односно 1,06 во 2015“.

Коментари