НАЈМЛАДАТА МАЈКА ВО ТЕТОВСКО ИМА ЕДВАЈ 15 ГОДИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАЈМЛАДАТА МАЈКА ВО ТЕТОВСКО ИМА ЕДВАЈ 15 ГОДИНИ

    Во гинеколошкото одделение на тетовската болница се породи младата Џемиле. Роди здраво женско дете. На прв поглед, ништо невоообичаено, родилка како и останатите над илјада колку што се породуваат секога година во тетовската болница. Но Џемиле  се разликува од другите родилки оти кога се породи имаше само 16 години.

    Според тоа што успеавме малку да го дознаеме за Џемиле (ова не е нејзиното вистинско име) таа живеела во едно тетовско село, мајка ѝ починала пред некоја година, а татко ѝ се преженил за друга жена и заминал од домот. Џемиле ја чувале роднините, но бидејќи и тие биле во тешка материјална состојба се договориле со некои пријатели од соседното село и ја свршиле за момче малку постаро од неа. Кога останала трудна таа не ни била свесна за нејзината состојба. Кога се јавила за првпат кај гинекологот, поради одминатата бременост не можела да ја прекине бременоста. Но Џемиле не е единствена малолетна родилка, освен неа имало уште 23 малолетнички кои лани се породиле во тетовската болница.

    “Според нашата евиденција, во 2015 година на гинеколошко-акушеркото одделение од тетовската Клиничка болница се породиле 48 малолетнички, додека во 2016 бележиме 24 породувања на родилки кои немаат наполнето 18 години. Освен ова, имаме и значителен број малолетнички кои побарале да се прекине бременоста. Мал дел од овие прекини на бременоста се извршени кај нас но, според нашите сознанија, поголемиот дел се направени во приватните клиники во Тетово, Скопје, Гостивар па и во други градови. Станува збор за легални здравствени установи, но овие пациентки сметаат дека таму имаат поголема дискреција, посебно ако тоа се направи во друг град, па така мислат дека полесно ќе се избегне срамот од средината  и нема да се дознае за нивната малолетничка бременост“, вели д-р Нагип Руфати, начелник на гинеколошко акушерско одделение на Клиничката болница во Тетово.

    Во 2015 година на гинеколошко-акушеркото одделение од тетовската Клиничка болница се породиле 48 малолетнички, а во 2016 има 24 породувања на родилки кои немаат наполнето 18 години. Освен ова, има и значителен број малолетнички кои побарале да се прекине бременоста (Фото: СДК.МК)

    Во 2015 година на гинеколошко-акушеркото одделение од тетовската Клиничка болница се породиле 48 малолетнички, а во 2016 има 24 породувања на родилки кои немаат наполнето 18 години. Освен ова, има и значителен број малолетнички кои побарале да се прекине бременоста (Фото: СДК.МК)

    Според д-р Нагип, овие малолетни мајки најчесто доаѓаат од сиромашни семејства кои имаат социјални, семејни, економски па дури и психички проблеми, а ги има од сите националности кои живеат во тетовскиот регион.

    “Навистина не благодарно е да се зборува за националноста на овие млади мајки, но имало и Албанки и Македонки, иако сепак најмногу се од Ромската националност. Тоа пред сѐ е поради нивната недоволна едуцираност, но и од сѐ уште присутниот традиционализам во сфаќањата на таа средина дека е нормално девојките да имаат деца на 15, 16 години. Освен ова, младите Ромки често пати ќе дојдат кај нас во болницата пред самото пораѓање и притоа да немаат никакви докуманти, ни лична карта, ни здравствена книшка, па во таквите случаи приморани сме да повикаме полиција за да ги идентификуваат. Од разговортите што ги водиме со нив кога ќе дојдат на нашето одделение дознаваме дека тие најчесто затруднеле од незнаење, нивно и на нивниот партнер, односно немање доволно информации за сексуалниот живот и за контрацепцијата. Често пати, поради стравот не кажуваат за промените што им настанале или пак помислуваат нема ним да им се случи да забременат. Но кога ќе видат дека се бремени и кога ќе се јават кај нас, најчесто веќе поминале оние законски 10 недели до кога може да се прекине бременоста и не им останува ништо друго освен да се породат и да станат мајки. Но сме имале случаи кога малолетни девојки кои имаат и повозрасни мажи од нив и едноставно сакале да останат бремени и да родат“, вели д-р Нагип и додава:

    „Нашата најмала пациентка, која се породи минатата година, имаше едвај 15 години. Беше уште дете но стана мајка и како што по некогаш ќе кажам, дете роди дете. Но и покрај нивната возраст тие веќе се мајки и треба најсериозно и одговорно да ја прифатат таа родителска улога и грижа за новороденчето. Но за жал не е секогаш така, сме имале неколку случи овие малолетни мајки откако ќе се породат да не сакаат да ги земат децата, па тие новороденчиња мораме да ги предадеме во домот за доенчиња и мали деца во Битола“.

    Во Центарот за социјална работа во Тетово велат дека пред дваесетина години Тетово било во самиот врв по број на малолетни бракови во Македонија. Но оваа состојба денес е крајно изменета.

    „Во периодот 1995-1996 година во нашите служби имавме регистрирано по десетици бракови склучени помеѓу малолетни лица. Во 90 насто овие бракови беа склучувани поради несакана бременост. Тоа беше аларм и за нас, па спроведовме неколку проекти за сексуално описменување на младите во основните училишта кои дадоа резултати и бројот на малолетничките бракови значително опадна. Така, минатата година имавме само еден случај на малолетнички брак, а годинава ниту еден. Но тоа не значи дека нема малолетнички бракови. Сега повеќе е присутен трендот малолетниците да се свршуваат, а официјално во брак да стапат откако ќе станат полнолетни“, вели Атиџе Исљами, психолог во Центарот за социјална работа во Тетово.

    Според Исљами, ова се должи и на сложената процедура низ која треба да поминат малолетниците кои сакаат да стапат во брак.

    “Согласно законот за социјална заштита, малолетничките парови кои сакаат да стапат во брак мора да пројдат низ советодавна работа во нашата установа. Тука тие добиваат совети и информации дека бракот е одговорна работа, а ние исто така можеме да утврдиме колку тие малолетници  се психолошко, социјално и педагошки зрели за да стапат во брак. Центарот освен со малолетното лице работи и со нивните родители. По завршените разговори се праќа извештај до Основниот суд кој, врз основа на нашиот извештај и извештајот од гинеколог, одлучува дали може да биде склучен тој брак. Исто така, судот зема изјава од родителите дека тие се согласуваат нивните малолетни деца да стапат во брак. Денес границата на сексуалната зрелост кај младите е доста спуштена, а исто така и слободата на младите е многу поголема отколку пред дваесетина и повеќе години. Порано младите биле многу малку информирани кога стапувале во сексуални односи, денес се многу повеќе информнирани, но за некои млади ова и понатаму е табу тема. Како резултат на тоа доаѓа и до несаканата бременост кај малолетните девојки“ вели Атиџе Исљами.

    Младата Џемиле ја напушта тетовската болница со детето в раце. Заминува во својот дом но таа не е оставена сама на себе. Посоветувана е дека треба редовно да доаѓа со детето во болницата на контроли, а исто така на располагање и стојат и стручните лица од Центарот за социјална работа, кои можат да ѝ помогнат како полесно да ги надмине тешкотиите со кои се среќава секоја мајка.

    disklejmer-prikazni-23734

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира