ПОДАРЕНИОТ ВЕЛОСИПЕД ЌЕ ГО ЧУВАМ В СОБА, ВЕЛИ ТЕТОВЕЦОТ ОД НАРОДНАТА КУЈНА ЗА ДОНАЦИЈАТА ОД СКОПЈАНКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОДАРЕНИОТ ВЕЛОСИПЕД ЌЕ ГО ЧУВАМ В СОБА, ВЕЛИ ТЕТОВЕЦОТ ОД НАРОДНАТА КУЈНА ЗА ДОНАЦИЈАТА ОД СКОПЈАНКА

    Тетовецот Абдултаип Ќаили доби велосипед, откако пред 20 дена во сторијата на САКАМДАКАЖАМ.МК за народната кујна во Тетово, се пожали дека секој ден минува пеш по неколку километри до кујната да го земе дневниот оброк, бидејќи некој несовесен возач со кола му го удрил велосипедот и целосно го искршил. Сторијата брзо се рашири на социјалните мрежи, а го сподели и хуманитарната група #Ретвитни оброк на својата Фејсбук страница, па младите ентузијасти покренаа акција на Абдултаип да му се набави велисипед. Викендот Абдултаип го доби велосипедот, донација од студентката Наталија Јовановска од Скопје.

    “Ете и јас сум имал малку касмет и мене ми се насмеа среќата. Вакво нешто, ваков подарок, не паметам дека сум добил во мојот живот. Навистина имало добри луѓе. Имав јас еден стар велосипед кој добро ме служеше. Неодамна го паркирав пред вратата од мојата куќа, кога едно возило со странска регистрација со голема брзина помина, го удри велосипедот и замина без да застане. Тој целиот беше искршен, не можеше да се поправи па го фрлив на отпад. Јас сум стар човек, ги терам накај 70 и тешко ми е секој ден пеш да одам до народната кујна. Кога разбрав дека некој сака да ми подари велосипед, во првиот момент не поверував во такво нешто. Зарем има и такви луѓе кои ќе сакаат да му подарат нешто на еден сиромав старец кого ниту го знаат, ниту го познаваат? Но сега кога го гледам велосипедот пред мене ете, се уверив дека добротата на луѓето нема граници. Што можам сега да кажам, само едно големо, големо фала на таа девојка која ми го подари велосипедот“, рече Абдултаип Ќаили кога му го предадовме велосипедот.

    Наталија Јовановска е студентка во прва година на Земјоделскиот факултет и досега учествувала во многу хуманитарни акции за донации на храна и други производи.

    “Во една наша група на Фејсбук беше објавен текстот и случајот за човекот кој се храни во народната кујна, а на кого му го украле велосипедот. Таму се покрена иницијатива да собереме пари за да му купиме на човекот некој велосипед на старо или да најдеме некој да донира. Јас веднаш напишав дека јас сум подготвена да го дадам мојот велосипед. Овој е мојот прв велосипед кој го купив кога бев во осмо оделение, и тоа со пари кои самата ги заштедив, и затоа ми е многу драг. Сега имам нов велосипед, а овој ми стоеше во подрумот. Вака, верувам дека на овој човек многу ќе му користи“, ни рече Јовановска.

    Абдултаип седна на велосипедот и се подготвуваше да замине во народнатата кујна по дневниот оброк, како и секој ден во изминативе неколку години. Само, сега сигурно побрзо ќе дојде до таму. На поаѓање само дофрли:

    “Ќе го чувам овој велосипед како очите во главата. Ќе седи со мене во собата каде што спијам.“

    З. АНДОНОВ

    disklejmer-prikazni-23734

    Коментари