СВИЊИ ХРАНЕТИ НА БИТОЛСКАТА ДЕПОНИЈА „МЕГЛЕНЦИ“ СЕ ПРОДАВААТ ВО ПРИЛЕП

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СВИЊИ ХРАНЕТИ НА БИТОЛСКАТА ДЕПОНИЈА „МЕГЛЕНЦИ“ СЕ ПРОДАВААТ ВО ПРИЛЕП

    Зеленило на сите страни, а труе миризба на ѓубре. Живеат во природа, а како да се на сред буниште. Ваква слика затекна екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК во битолските села Мегленци и Арамтуш, кои се на чекор до несанитарната депонија „Мегленци“.

    Тоа е ѓубриштето каде со години од комуналниот смет се ослободуваат општините  Битола, Могила и Новаци. Депонијата е на чекор до РЕК, па смрдеата се меша со непријатниот мирис од рудниците и оџаците на комбинатот и се шири низ околината.

    Луѓе собираат пластична амбалажа од депонијата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Луѓе собираат пластична амбалажа од депонијата (Фото: Ѓ. Личовски)

    По патот затекнавме повеќе свињи отколку жители. Се прпелкаа низ калта на ридот над депонијата. Загаденоста придонела во двете села да останат уште шеесетина постојани  жители. Повеќето се иселиле, а малкумина јавно зборуваат за проблемот.

    Чукајќи од врата до врата, стигнавме до последната куќа во Араматуш, онаа на претседателот на месната заедница Митат Халимовски. Тој е еден од ретките кој отворено зборува за загадувањето.

    „Од депонијата ‘Мегленци’ многу чувствуваме загадување. Штом дува јужен и западен ветер, многу смрди. Особено наутро, не се дише од што е загаден воздухот. Поради тоа многу ни е лошо. Загадување трпат селата Агларци, Мегленци, Далбеговци, Дедебалци. За среќа, има неколку години како ѓубрето веќе не го палат туку го покриваат со земја. Но, со самото скапување се создава реа“, вели Халимовски.

    „Многу имаме мака, дивеч се собира на депонија, претежно волци. Потоа, наутро напаѓаат по стоката. И сега има доста свињи на депонијата. Тие се од ‘Мегленци’“, вели претседателот на месната заедница во Араматуш Митат Халимовски, кој е еден од ретките што отворено зборува за загадувањето од депонијата (Фото: СДК.МК)

    „Многу имаме мака, дивеч се собира на депонија, претежно волци. Потоа, наутро напаѓаат по стоката. И сега има доста свињи на депонијата. Тие се од Мегленци“, вели претседателот на месната заедница во Араматуш Митат Халимовски, кој е еден од ретките што отворено зборува за загадувањето од депонијата (Фото: СДК.МК)

    Смрдеата не е единствената опасност од депонијата. Халимовски вели дека таа привлекува домашни, па и диви животни. Додека бевме на терен, свињи не видовме на депонија, но жителите на Араматуш велат дека понекогаш се протнуваат таму по храна.

    „Многу имаме мака, дивеч се собира на депонија, претежно волци. Потоа, наутро напаѓаат по стоката. И сега има доста свињи на депонијата. Тие се од Мегленци“, вели Халимовски.

    На прашањето чии се свињите, не добивме прецизен одговор. Жителите  од овој крај со шепотење велат дека во Мегленци има двајца одгледувачи и дека прасињата ги продаваат  во Прилепско. Ништо повеќе не успеавме да дознаеме. Во Мегленци никој не зборуваше на оваа тема.

    Од јавното претпријатие „Комуналец“ кое стопанисува со депонијата велат дека ги преземаат сите мерки за животни да не се збираат на депонија. Тврдат дека и свињите ги нема во последно време.

    „Поставивме стражарска служба, ја заградивме депонијата. Има злоупотреби, но стражарите тоа го пријавуваат во МВР и во инспекција, дали пријавите имаат епилог не знам, но преземаме сѐ што е во наша можност да се спречи неовластено влегување на депонијата. Свињи веќе не влегуваат, тоа е мината работа“, вели директорот Зоран Соклевски.

    „МЕГЛЕНЦИ“ ВЕЌЕ НЕ СЕ САМОЗАПАЛУВА

    Директорoт Соклевски вели дека од 58 депонии во Македонија скоро сите се несанитарни како и битолската. Додава дека со навремено третирање на сметот, во последните пет години нема самозапалување на ѓубрето.

    Жителите од овој крај со шепотење велат дека во Мегленци има двајца одгледувачи и дека прасињата ги продаваат во Прилепско. Во Мегленци никој не сакаше да зборува на оваа тема (Фото: СДК.МК)

    Жителите од овој крај со шепотење велат дека во Мегленци има двајца одгледувачи и дека прасињата ги продаваат во Прилепско. Во Мегленци никој не сакаше да зборува на оваа тема (Фото: СДК.МК)

    „Веќе не се случува опожарување, од кое во воздухот се испуштаа канцерогени состојки. Дневно се депонираат по 80 тони комунален отпад, а на годишно ниво 25.000 тони од правни и физички лица од Битола, Новаци и Могила. Отпадот се одлага вертикално, во висина од 12 метри, на еден метар далечина се развива температура од 40 до 50 степени Целзиусови. Но, навремено го покриваме со земја за да не дојде до запалување“, вели Соклевски.

    Заради поголема заштита на животната средина го селектираат и отпадот за тешки метали да не завршат на депонија. Имаат спроведено примарна селекција на пластиката  која е најканцерогена, па на хартија која лесно се запалува и на крај на електронскиот отпад, масла, гуми, акумулатори, односно ѓубре со тешки метали.

    РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА 16 ГОДИНИ Е ВО НАЈАВА

    Веќе 16 години се договара отворање на регионална депонија каде би се збирал сметот од сите девет пелагониски општини и би се третирал според европски стандарди. Последно, со финансии од ИПА фондовите преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион беше изработен нацрт Регионален план  за управување со отпад. По ова беше донесена и стратегиска оценка на планот.

    Од Општина Новаци, чиј градоначалник Лазар Котевски е надлежен за реализацијата на проектот со регионалната депонија, соопштија дека во пелагонискиот регион има осум нерегулирани диви депонии со голем ризик врз животната средина, па планот предвидува нивно затворање или рехабилитирање.

    „Регионалната депонија е многу скапа инвестиција од 25 милиони евра, која ќе треба да се гради допрва за да се собира сметот од целокупниот регион. Јас ја имам понудено Општина Новаци за кај нас да биде сметот, но за тоа треба да распишам референдум дали локалното население прифаќа тука да биде депонијата“, рече Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира