Фото: Ѓ. Личовски

Дојранското езеро е целосно замрзнато по екстремно ниските температури што ја зафатија Македонија и регионот изминатава недела и ваквата ситуација најтешко ги погоди птиците кои останаа без храна.

Фото: Ѓ. Личовски
Фото: Ѓ. Личовски

Многубројните корморани, пеликани и други птици почнаа да се јадат меѓу себе, бидејќи од мразот не можат да стигнат до рибите во езерото. Додека спијат птиците, опашките и нозете им замрзнуваат и потоа не можат да се одлепат од мразот и угинуваат.

Фото: Ѓ. Личовски
Фото: Ѓ. Личовски

Постарите рибари што ги затекнавме крај езерото, некои од нив и на возраст над 60 години, велат дека не паметат вака да замрзне целото езеро. Поради дебелиот мраз, може да се оди по езерото без страв од пропаѓање.

Фото: Ѓ. Личовски
Фото: Ѓ. Личовски

Утринава во Дојран беа измерени минус седум степени целзиусови, а веќе од утре и викендот се очекува затоплување, па и попуштање на мразот.