ФЕЛПС ГО ПОМИНА ПРВИОТ ДЕН ВО ПЕНЗИЈА ВО БАЗЕН, НО ОВОЈПАТ СО СИН МУ БУМЕР

760
Американскиот олимпиец соопшти дека се повлекува од професионалното пливање по Игрите во Рио

Мајкл Фелпс рече дека засекогаш раскрстил со базенот, но се чини дека пливањето е навика од која тешко ќе се оттараси.
Олимписката легенда вчера се врати дома во Мериленд. Првото нешто што го направи Фелпс беше оладување во базен со свршеницата Никол Џонсон и нивниот син Бумер.
На фотографијата од семејниот момент што тој ја објави на Инстаграм, тројцата симпатично се смеат уживајќи во базен.
„Нема ништо подобро од тоа да си дома!! Одлично го поминувам првиот ден во пензија!!“, напиша Фелпс под фотографијата.
Триесет и едногодишниот Фелпс се врати од Игрите во Рио со пет златни медали и еден сребрен, со што неговиот вкупен број на освоени олимписки медали сега изнесува 28, 10 повеќе од кој било друг олимпиец досега.
Фелпс рече дека ова е негова последна Олипијада, но знаеме дека и претходно се враќал од пензија за да плива повторно.