ЛОКТИ ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ И СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗМИСЛЕНИОТ ГРАБЕЖ ВО РИО

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"Рио,(ЊујоркТајмс)

    ЛОКТИ ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ И СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗМИСЛЕНИОТ ГРАБЕЖ ВО РИО

    Рајан Локти, 12-кратниот освојувач на олимписки медали, кој тврдеше дека бил ограбен од лица преправени во полицајци во Рио минатиот викенд, денеска се извини за неговото однесување, потег што фрли сенка на неговиот успешен настап на Олимписките игри.
    Извинувањето дојде дури откако други двајца американски пливачи во официјални изјави за бразилското обвинителство го опишаа Локти како пијан и недисциплиниран, велејќи дека тој го оштетил имотот на една бензинска пумпа и потоа излажал што се случило.
    Случајот со американските пливачи во Рио предизвика дебата која отиде надвор од спортските рамки, па Американскиот олимписки комитет мораше да му се извини на градот домаќин на Игрите. Бразилците беа гневни и го обвиниија Локти дека ја нарушил репутацијата на Рио за време на еден од најважните меѓународни настани во Бразил.
    Првично, 32-годишниот пливач тврдеше дека тој и уште тројца американски пливачи биле запрени од вооружени лица, кои се претставиле дека се полицајци и еден од нив му вперил пиштол во главата, пред да му ги земе парите од паричникот.
    Сепак, полициската истрага откри дека пливачите демолирале тоалет на една бензинска пумпа и потоа обезбедувањето им побарало да ја надоместата штетата. Еден член на обезбедувањето го насочил пиштолот кон пливачите, соопшти полицијата.
    „Сакам да се извинам за моето однесување минатиот викенд и за тоа што не бев повнимателен и поискрен при опишувањето на настаните од тоа утро“, напиша Локти на социјалните мрежи.
    Тој успеа да го напушти Бразил и да се врати во САД, пред судија во Рио да издаде наредба за заплена на пасошите на американските пливачи, но другите тројца беа задржани од полицијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира