СЕ ОЧЕКУВА МНОГУ АКЦИЈА ВО РИО, НА СПОРТИСТИТЕ ИМ ПОДЕЛИЈА 450.000 КОНДОМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:55:"РиодеЖанеиро,(Ју-Ес-ЕјТудеј)

    СЕ ОЧЕКУВА МНОГУ АКЦИЈА ВО РИО, НА СПОРТИСТИТЕ ИМ ПОДЕЛИЈА 450.000 КОНДОМИ

    Олимписките игри во Рио почнуваат ноќва со церемонијата на свеченото отворање, а официјалните натпревари стартуваат утре. Покрај натпреварите на спортските терени, организаторите на Олимпијадата во Бразил очекуваат и многу акција во спалните соби во олимпиското село, кадешто се сместени спортистите, па им поделија 450.000 кондоми, потврдија од Меѓународниот олимписки комитет. Тоа значи дека секој учесник на ОИ ќе добие по 42 кондоми или два дневно, ако остане на Игрите од почеток до крај.
    Пливачот Александре Халдеман од Швајцарија пристигна во Рио во пет часот наутро во средата и брзо сфати како функционираат работите.
    „Сите зборуваат како има толку многу кондоми за секој спортист, но не ти ги даваат директно. Мораш да си ги земеш сам, но затоа пак можеш да земеш колку сакаш“, вели Швајцарецот.
    „Сите се бесплатни“, додаде Ноеми Жирарде, исто така, пливачка од Швајцарија.
    Таа вели дека била сведок како многу од олимписките спортисти земаат кондоми, но очекува темпото да забрза откако ќе започнат Игрите.
    Бројот на поделени кондоми значително порасна, откако беше воведена праксата во Сеул во 1988 година, кога беа поделени 8.500. Четири години подоцна во Барселона беа поделени 90.000, а осум години подоцна во Пекинг, таа бројка достигна 100.000.
    Лондон постави рекорд со 150.000, но и таа бројка е драстично зголемена во Рио, кадешто има на располагање и 100.000 женски кондоми.
    На секој кондом има предупредување дека не смее да биде препродаван и е потенцирано дека е произведен од природен латекс од Амазон. Сепак, дел од спортистите беа разочарани дека на пакувањата кондоми ги нема олимписките кругови.
    „Хм, 450.000? Се надевам дека ќе бидат доволно“, кажа американскиот гимнастичар Денел Лејва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари