УАПСЕН ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА ИОК ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА КАРТИ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"Рио,(АП)

    УАПСЕН ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА ИОК ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА КАРТИ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА

    Висок функционер на Меѓународниот олимписки комитет од Ирска беше однесен во болница денес откако полицијата го уапси во неговиот хотел во Рио по обвинение за нелегална препродажба на билети.
    Патрик Хикни, член на извршниот одбор на ИОК е обвинет за заговарање со уште најмалку деветмина нелегално да препродаваат билети за Олимписките игри во Рио.
    Вмешаноста на Хикни била преку Ирскиот олимписки комитет што помагал да се префрлаат билетите до други компании што ги продавале по високи цени, рече полицијата. Тој се товари за злосторничко здружување, нелегална продажба на билети и нелегално рекламирање и ќе биде во притвор додека трае истрагата. Агентите проценуваат дека профитот на криминалната мрежа изнесува околу 3 милиони долари.
    Полицијата стигнала во хотелот каде бил сместен Ирецот во околу 6 часот утрово и полицајците ја нашле само сопругата на Хикни која одбила да им каже каде е. Полицајците ја нашле неговата олимписка акредитација на подот, задно со неговите чорапи, патиките и една торба. Побарале помош од хотелот и го нашле во соседната соба резревирана на име на син му.
    На видеоснимката што ја објави „И-Ес-Пи-Ен Бразил“ се гледа Хикни како ја отвара вратата од хотелската соба на барање на полицијата и како влегува во бањата гол. Неколку минути подоцна излегува облечен во бањарка.
    Инспекторите рекоа дека 71-годишниот Хикни првично бил во шок и дека хотелскиот доктор препорачал да го однесат во најблиската болница за да му направат преглед имајќи ја предвид неговата возраст и здравствената состојба. Хикни е во болница под полициски надзор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира