БАКРАЧЕСКИ ПРЕД УНЕСКО СЕ ПОФАЛИ СО СПОРНИОТ ПРОЕКТ ЗА МОРСКА ПЛАЖА ВО ЛАГАДИН

    БАКРАЧЕСКИ ПРЕД УНЕСКО СЕ ПОФАЛИ СО СПОРНИОТ ПРОЕКТ ЗА МОРСКА ПЛАЖА ВО ЛАГАДИНЗа најавата за градба на медитеранска плажа во Лагадин, долга 500 метри и со платформи и палми, остро реагираа од еколошките здруженија и познати охридски биолози кои укажуваа на штетноста на реализацијата на еден ваков проект врз природната средина (Фото:компјутерска макета за изгледот на плажата)

    Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на состанокот со експерите на УНЕСКО, покрај другото, се пофали и со проектот за медитеранска плажа во Лагадин и за градскиот кеј. За најавата за градба на медитеранска плажа во Лагадин, долга 500 метри и со платформи и палми, остро реагираа од еколошките здруженија, познати охридски биолози кои укажуваа на штетноста на реализацијата на еден ваков проект  врз природната средина.

    Од локалната самоуправа во Охрид не кажаа дали експертите на УНЕСКО ги запознале со изградбата на хотел во Лагадин, чија градба е сопрена, за најавеното бетонирање на Студенчишкото блато, од кое наводно деновиве власта премолчено се откажа, но тоа официјално уште не е соопштено; -од средбата на Бакрачески со експертите на УНЕСКО

    „Градоначалникот Бакрачески и најблиските соработници ги презентираа тековните проекти кои ги спроведува локалната самоуправа, а кои се во функција на развојот на Охрид и регионот. Посебно беше истакното значењето на владиниот проект за изградбата на автопатот кон Кичево, што ќе има многу позитивно влијание врз развојот на туризмот. На високите гости им беше презентиран идејниот проект за градскиот кеј и плажата во Лагадин, при тоа посочувајќи дека Законот за заштита на Охрид и сите препораки за заштита на природното и културно наследство строго се спроведуваат при носењето и реализација на сите градежни активности”,соопштија од локалната самоуправа“, соопштија од Општина Охрид.

    Од локалната самоуправа во Охрид не кажаа дали експертите на УНЕСКО ги запознале со изградбата на хотел во Лагадин, чија градба е сопрена, за најавеното бетонирање на Студенчишкото блато, од кое наводно деновиве власта премолчено се откажа, но тоа официјално уште не е соопштено.

    Претставниците на УНЕСКО со охридскиот градоначалнимк се сретнаа на крајот од нивниот престој во Охрид, откако преходно ја посетија дирекцијата на Националниот парк Галичица, локалитетот Плаошник, Античкиот театар и други објекти од областа на културата.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира