БИТОЛА ИМА 70 ДИВИ ДЕПОНИИ, А САМО ТРОЈЦА КАЗНЕТИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛА ИМА 70 ДИВИ ДЕПОНИИ, А САМО ТРОЈЦА КАЗНЕТИ

    Ридови ѓубришта ги пречекуваат намерниците кои доаѓајќи за Битола минуваат низ обиколницата која е дел од магистралниот пат А-3. Оваа обиколница  води кон двата влеза на  градот, од страната на Ресен и Прилеп. Мрши од пцовисани животни, дотраена облека, човечки измет, лепешки од коњи и каков не друг отпад на диво е исфрлен крај патот. Најкритично е крај ромската населба, но има и други диви депонии со градежен шут, мебел и кујнски апарати кои се редат  низ обиколницата над  Битола.

    „Ова е многу лошо за око. Но, и за носот не е добро, отвораш и чувствуваш непријатна реа. Не е ни безбедно, не знаеш што од шутот ќе се стркала на патот и може да направи белја. Ова ме потсетува на предградието на Скадар во Албанија каде може да се види слична слика“, вели возачот Миле Јордановски од Скопје.

    Дури 70 диви депонии неодамна регистрирало здружението „За нас се работи“ и ги пријавило во Општина Битола. Дел биле исчистени, но пак се преполниле со ѓубре.

    „Спроведовме 18 екопатроли во кои регистриравме над 70 депонии. Во една екопатрола фотографиравме по пет-шест диви депонии. Поднесовме над 70 пријави  до Општина Битола. Таа има предвидено два пати чистење на такви диви депонии годишно. По нашите пријави четири пати излегоа на терен. Но, лошите навики остануваат. Голем дел од тие депонии се повторно направени“, вели Илија Балтовски од „За нас се работи“.

    Од здружението планираат да започнат со снимање на екопатролите и нивно емитување на една локална телевизија.

    „Така и пошироката јавност ќе знае што се случува. На тој начин сметаме дека ќе се изврши дополнителен притисок до властите да се донесат што поефикасни мерки’, вели Балтовски.

    Од здружението изброиле 70 депонии, а битолскиот градоначалник Владимир Талески при последната акцијата за чистење на депониите на која беа повикани и медиуми изјави дека ги има 15. Тој рече дека од 117 депонии колку што биле пред 11 години денес останале уште 15.

    Дива депонија на магистралниот пат на влезот во Битола (Фото: СДК.МК)

    Дива депонија на магистралниот пат на влезот во Битола (Фото: СДК.МК)

    „Апелирам до граѓаните сметот да го исфрлаат онаму каде што е одредено место за тоа. Во изминатиот период општинската инспекција имаше полни раце работа. 23 лица што фрлаа отпад се опоменати и задолжени со чистење на депонијата каде што го исфрлиле отпадот, а три лица се парично казнети“, рече Талески.

    Тој најави дека со ваквите мерки ќе продолжат и во следниот период.

    Комуналниот смет редовно го собира јавното претпријатие „Комуналец“ од градот и 16 околни села. Просечните неделни количини на собран комунален отпад  се 545 тони, а на годишно ниво 28.350 тони. Сметот се носи во депонијата Мегленци. Но, и покрај тоа, низ блиската околина на градот, најчесто на места каде битолчани рекреираат, шетаат и одат на излет се јавуваат диви депонии.

    Иако битолчани се гордеат со својата култура, очигледно свеста кај дел од нив за правилно постапување со сметот е недоволно развиена.

    Во Локалниот еколошки план донесен неодамна од Советот на Општина Битола, како мерка за надминување на состојбата се предлага изградба на регионална депонија и создавање катастар на создавачи на отпад. Во планот овој комунален смет се нарекува неопасен, иако може да биде извор на заразни болести.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира