ИСПРАЗНЕТОТO ЕЗЕРО ГО УНИШТИ ПРЕСАДЕНИОТ ЛОКВАЊ ВО ОХРИД

    ИСПРАЗНЕТОТO ЕЗЕРО ГО УНИШТИ ПРЕСАДЕНИОТ ЛОКВАЊ ВО ОХРИД

    Нискиот водостој на Охридското езеро го уништи живеалиштето на локвањот кој пред една деценија беше пресаден на охридскиот брег кај “Милениум Палас”.

    Ова водено растение беше донесено од Радожда, Струшко каде што единствено вирее по природен пат.

    Овој проект на зачувување на локвањот чинеше околу 10 илјади долари и беше платен со странска донација. Со тој проект локвањот во Охрид билозите го вратија точно на местото каде што пред четири децении го имаше во изобилство, а потоа исчезна.

    “Локвањот беше проект на Македонското лимнолоштво друштво. Успеавме да го пренесеме од струшкиот на охридскиот брег,на делот каде што некогаш беше негово живеалиште. За жал, деновиве гледам дека тој простор остана без вода. Сепак, иако не се гледа на површината на водата се надевам дека коренот на ова растение се уште добива  вода, на самото дно од Езерото. Се надевам дека кога ќе се зголеми нивото на водата локвањот пак ќе се појави на површината”, вели познатиот охридски биолог д-р Вера Новевска.

    Биологот Новеска, која пред да се пензионира 35 години работела во има спротивно мислење од Хидробиолошкиот завод кој објасни дека црната дамка што се појави во близина на кејот не е ниту нафта, ниту масло, туку остатоци од растенија што гнијат, а биле донесени на брегот од струењето на водата.

    „Во овој период од годината ниту има интензивен развој на кончестите алги во крајбрежниот регион, ниту пак температурните услови овозможуваат толку интензивна минерализација на алгите која би можела да предизвика таков ефект во водата на езерото“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Новеска.

    Пресадениот локвањ пред “Милениум Палас” постојано се бореше со отпадот од пластика, но успеваше да опстои се до почетокот на февруари годинава кога нивото на Езерото падна на рекордно ниски граници.

    Д. ЧУБРИЌ

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира