МАКЕДОНСКИ ЧЕРНОБИЛ БЛИЗУ КУМАНОВО – ДИВА ДЕПОНИЈА СО АРСЕН ГО УБИВА ТАБАНОВЦЕ  

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:51:"Табановце,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

МАКЕДОНСКИ ЧЕРНОБИЛ БЛИЗУ КУМАНОВО – ДИВА ДЕПОНИЈА СО АРСЕН ГО УБИВА ТАБАНОВЦЕ  

Дивата депонија се наоѓа на местото на некогашната топилница за руда до железничката станица Табановце и нема табла за предупредување, иако јаловината од затворениот рудник за хром и антимон во Лојане содржи висока концентрација на арсен и е голема опасност за здравјето на луѓето и за животната средина (Фото: СДК.МК)

Неколку илјади тони јаловина од затворениот рудник за хром и антимон во Лојане, со децении ги труе жителите на кумановското село Табановце и поширокиот регион во северниот дел на државата. Отпадот содржи висока концентрација на арсен и претставува голема опасност за здравјето на луѓето и животната средина. Дивата депонија се наоѓа на местото на некогашната топилница за руда до железничката станица Табановце, која по затворањето во седумдесетите години на минатиот век останала без никаква заштита и надзор на државните институции.

„Селото Табановце со овој проблем се соочува повеќе од 40 години. Арсен има насекаде. Загадени се подземните води, почвата, а во воздухот се шири непријатна миризба. Покрај депонијата тече река која сиот отров и хемикалии ги носи во селото. 90 отсто од бунарите покрај реката се загадени, но немаме алтернатива ниту можност да влијаеме да се реши проблемот“, вели Тони Петровиќ, претседател на месната заедница Табановце.

Последниве 15-20 години во селото никој не умерел од природна смрт. Сите од рак - Претседателот на месната заедница Табановце Тони Петровиќ на местото каде некогаш била топилница на хром и антимон, кој се вадел од рудникот Лојане и со вагони се носел до тука, а потоа од железничката станица се транспортирал на просторите на некогашната држава. Според некои податоци, рудникот и топилницата работеле од 1923 година до крајот на 1960-тите. (Фото: СДК.МК)

Последниве 15-20 години во селото никој не умерел од природна смрт. Сите од рак – Претседателот на месната заедница Табановце Тони Петровиќ на местото каде некогаш била топилница на хром и антимон, кој се вадел од рудникот Лојане и со вагони се носел до тука, а потоа од железничката станица се транспортирал на просторите на некогашната држава. Според некои податоци, рудникот и топилницата работеле од 1923 година до крајот на 1960-тите. (Фото: СДК.МК)

Според слободна проценка на жителите, во депонијата има околу 100 камиони отпад во подземната јама и надвор. Порано имало многу повеќе, но со години го разнеле ветровите и поројните дождови. Сите се плашат за здравјето на своите семејства бидејќи високата концентрација на арсен предизвикува рак на кожата, на белите дробови, црниот дроб и лимфните жлезди. Затоа депонијата ја нарекуваат македонски Чернобил.

„Последниве 15-20 години во селото никој не умерел од природна смрт. Сите од рак. Главно се помлади луѓе, а и они постарите ќе починат откако ќе заболат од некоја тешка болест. Кој како ќе се разболи за 2-3 месеци му нема спас. Ако малку подолго престојувате покрај купиштата со арсен веднаш ви се лоши. Доколку кожата дојде во допир со хемикалијата остава плускавци и темни дамки“, додава Петровиќ.

Дека ситуацијата не е наивна се увери и екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК. Просторот каде е складиран опасниот отпад потсетува на пустина, со уништена вегетација, распаднати објекти и неколку угинати птици како од хорор филм. Портокаловата боја преовладува на површината на земјата, а она што не е обоено е сиво и мртво. Присуството на јакиот отров уништило сѐ околу себе. Мирисот на киселината го почувствувавме уште на самото влегување во депонијата, а како се приближувавме до купиштата отпад стануваше сѐ посилен и понеподнослив. По 15-минути осетивме пецкање во носот, а потоа и во грлото. Не треба да сте стручњак и да видите дека природата тука ја изгубила битката со отровниот материјал и човековата негрижа.

БЕГАЛЦИ СО ДЕЦА СЕ КРИЕЛЕ ВО ДЕПОНИЈАТА

Помеѓу столбовите и урнатините на некогашната фабрика стојат остатоци од облека и храна. Нашиот домаќин Петровиќ ни кажа дека за време на мигрантската криза тука се криеле луѓе кои илегално влегле во државата и го продолжиле патот кон српската границата. Бидејќи депонијата не е оградена ниту има предупредувачки знак дека теренот е контиминиран, цели семејства со деца тука седеле со денови. Дали имале здравствени проблеми никој незнае, но жителите се плашат за здравјето на своите деца.

Бидејќи депонијата не е оградена ниту има предупредувачки знак дека теренот е контиминиран, цели бегалски семејства со деца тука седеле со денови (Фото: СДК.МК)

Бидејќи депонијата не е оградена ниту има предупредувачки знак дека теренот е контиминиран, цели бегалски семејства со деца тука седеле со денови (Фото: СДК.МК)

„Ги предупредуваме децата дека не смеат да одат на депонија, но никогаш не сме сигурни дали ќе нѐ послушаат. Деца се, ќе отидат од љубопитство да се играат таму. Не е оградено и не дај боже да дојдат во контакт со отровот или да го расчепкаат, може да биде беља. И тоа што растат во близина на толку токсична материја не е здраво и може да имаат проблеми во понатамошниот развој.  Mигрантите спиеа таму цело лето, не знаеја луѓето. Може и некоја болест навлекле“, вели Игор Томиќ, кој живее во првите куќи до депонијата во близина на Транзитниот центар за мигранти на граничниот премин на македонско-српската граница.

ДЕПОНИЈАТА ГИ ЗАПУСТИ НИВИТЕ

Поради големата загаденот на почвата и водата жителите на Табановце не ги обработуваат нивите околу депонијата и не го пуштаат добитокот на пасење во ливадите. Иако се работело за плодна земја, која некогаш давала високи приноси на житни култури и квалитетни раноградинарски производи, сега е целосно бескорисна и запуштена. Од ваквата состојба најпогодени се семејствата во маалата Чифлик и Сланиште, кои се наоѓаат на стотина метри од депонијата.

„Секое дување посилен ветер прашината од депонијата ја носи во нашите куќи. Кога ќе падне поголем дожд подземните води ги полнат бунарите и се менува вкусот и мирисот на водата. Ги запуштивме и нивите затоа што ништо не се раѓа, а и тоа што ќе се произведе не смее да се јаде, бидејќи е отровно. Водата од бунарите и пумпите покрај депонијата е црвен талог“, вели Зоран Митровиќ.

Овие семејства претпреле голема штета и поради труење на добитокот, па затоа сега го чуваат исклучиво во шталите.

Жителите со години бараат да се исчисти депонијата, да се огради и да се стави предупредувачка табла дека е опасно луѓето да се задржуваат тука, - соседите Игор Томиќ и Зоран Митровиќ од маалото Сланиште (Фото: СДК.МК)

Жителите со години бараат да се исчисти депонијата, да се огради и да се стави предупредувачка табла дека е опасно луѓето да се задржуваат тука, – соседите Игор Томиќ и Зоран Митровиќ од маалото Сланиште (Фото: СДК.МК)

“Пред 5-6 години ми угинаа 10 свињи. Излегле од кочината и отишле кај депонијата. Ги најдов и ги дотерав дома ама попусто. Додека да дојде ветеринарот сите умреа. Само една преживеа. На друг сосед му се отру цело стадо овци. Стар беше човекот и си го пасел покрај пругата, но му избегале да пијат вода. Како се напиле, до дома за пола саат сите триесетина изумреа“, раскажува Милош Томиќ од Сланиште.

Жителите со години бараат да се исчисти депонијата, да се огради и да се стави предупредувачка табла дека е опасно луѓето да се задржуваат тука. Пред 5-6 години започнала акција за дислоцирање на отпадот и биле изнесени само неколку камиони, по што работите застанале. Што точно се случило не е познато. Велат дека политичарите ги посетуваат само пред избори и им ветуваат чуда, а потоа ги нема никаде.

“Никој не ни помага, а имаме поднесено иницијатива до Општината и државата. Ако немаат друго решение барем нека ископаат една голема јама и нека го затрупаат отпадот да не се разнесува, а врз него нека направат санитарна депонија за селото. Ова место е државно, не е употребливо за ништо друго. Од овој отров камен пука и трева не никнува“, вели претседателот на Месната заедница Петровиќ.

Јаловината од затворениот рудник за хром и антимон во селото Лојане и депонијата кај Табановце е една од деветте црни еко точки во Македонија и на Балканот, кои директно и индиректно го трујат околното население и се сериозна закана за нивното здравје. Земјата и водите таму се контаминирани со арсен и содржат 50 пати повеќе отров од дозволените граници, покажала студија на УНДП. Уште пред десетина години, УНДП и Министерството за животна средина изготвиле проект за заштита на животната средина, но не го реализирале.

Од Министерството за економија велат дека рудникот во Лојане повторно ќе се активира, а нов концесионер е турската команија „Ајма маден челик“ со која е потпишан договорот. Во тек е подготовката на целосната документација и издавање на дозвола за експлоатација, по што ќе започнат работите на терен. Сепак, Министерството не одговори дали новиот сопственик има обврска да ја исчисти депонијата со опасниот отпад.

 

Please follow and like us:
0

COMMENTS

meta charset="utf-8"
;