ОД ОПШТИНА БИТОЛА ИМ БИЛО ЗАБРАНЕТО ДА ОДАТ НА ТРИБИНА ЗА КАМЕНОЛОМОТ НАД ГРАДОТ  

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ОПШТИНА БИТОЛА ИМ БИЛО ЗАБРАНЕТО ДА ОДАТ НА ТРИБИНА ЗА КАМЕНОЛОМОТ НАД ГРАДОТ  

    Општина Битола ја игнорираше трибината на битолските екологисти од здружението „За нас се работи“ посветена на процесот на експлоатација на минерални суровини во каменоломот што се копа над Битола и нивното влијание врз животната средина. На трибината дојдоа претставници од Геолошкиот завод, експерти од министерствата, проектантите на рудникот, но не дојде претставник на општина Битола.

    „Се надевавме на присуството на лице од општината кое ни беше највено, меѓутоа вчера тоа лице ни се јави и ни кажа дека има забрана, односно дека нема да присуствува на трибината. Штета што општината продолжува и натаму да биде нетранспарентна . Доаѓаат експерти од Скопје , штета е лицето кое треба да се грижи за општината да не дојде“, изјави Душко Груевски од здружението „За нас се работи“.

    kamenolom bt (2)

    Каменоломот е на само 300 метри од првите деловни објекти и 800 метри од првите станбени згради (Фото: СДК.МК)

    Присутните граѓани прашуваа дали постои законско растојание на кое е дозволено да се изгради каменолом од населено место, со оглед на тоа дека овој се отвора на 300 метри од првите деловни објекти, а на 800 метри од населените места. Понатаму, дали со копањето на ридот ќе се дозволи продор на ветер и прашина кон градот?

    „Дали знаете дека местото на каменоломот е составен дел од ДУП и дека таму претходно имаше шумски појас? Во една година Македонија бележи пораст за 5.000 лица заболени од канцер. Од нив 35 проценти отпаѓаат на битолскиот регион. Дали ако се покаже дека има загадувње вие како најодговорни ќе имате грижа на совест“,праша советникот Горан Козаров.

    Експертите одговорија дека сопственикот на каменоломот „Стентон“ ја има извадено целата документација и дека загдувањето ќе биде мало. Беше посочено дека  нема законска одредба колкава треба да биде оддлеченоста на рудникот од населено место, дека тоа може да биде и во центрот на градот, но да  бидат исполнети стандардите за заштита на околината.

    .

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари