ПАРКОТ ВО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ СЕ БРАНИ СО ЖИВ ЅИД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАРКОТ ВО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ СЕ БРАНИ СО ЖИВ ЅИД

    Жителите на скопската населба Тафталиџе го засилуваат отпорот против изградба на петкатница на местото на паркот на улица Букурешка. Подготвени се со жив ѕид да го бранат зеленилото од секој обид да почне изградбата, а отворија и правна војна со интитуциите.

    „Испративме барање до Општина Карпош за увид во предметот по издадено Одобрение за градење за зградата во нашиот парк. Имаме сознание дека на градежната парцела носител на правото на градење е АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење на Републиката, но како непосредни соседи на истата не сме известени за отпочнувањето на градењето на објектот, ниту од страна на Општината, ниту од носителот на правото на градење согласно Законот за градење. Побаравме увид во документацијата за да можеме да ги оствариме своите права и интереси, за што до општината имаме доставено и барање за спречување отпочнување со изградба на овој објект“, велат од иницијативата „Зелено Тафталиџе“ кои бараат да се зачуваат и онака малкуте паркови во населбата .

    „Само едно преспивање не дели од паркот“, велат жителите од околните згради

    „Само едно преспивање не дели од паркот“, велат жителите од околните згради

    Жителите на Карпош прашуваат каде е јавниот интерес за изградба на зграда со комерцијални станови поради која се одзема веќе постоен парк, јавна површина која е во служба на сите.

    Од „Зелено Тафталиџе“ велат дека воопшто не се двоумат да направат жив ѕид пред машините кои би дошле да почнат со градба.
    „Воопшто не е тешко да се соберат луѓе за жив ѕид во паркот оти тие тука живеат. Пензионерите се на клупите, децата на лулашките. Само едно преспивање дома ги дели од паркот. Штом ќе станат, повторно се надвор и сега некој сака да им го одземе тоа. Имаме и осумдесетгодишни луѓе подготвени деноноќно да го чуваат парчето зеленило“, велат од „Зелено Тафталиџе“.

    Тие подготвуваат петиција за одбрана на паркот и измена на урбанистичкиот план, а сите што се заинтересирани да помогнат во одбраната можат да ја потпишат во дуќанчето до паркот.

    Од последната забава за спас на паркот

    Од последната забава за спас на паркот

    Жителите на овој дел од градот досега неколку пати на различни начни јавно покажаа дека се против градење зграда во паркот. Организираа забави и дружења, ја турнаа оградата поставена за оформување на градилиштето, а се изјаснија и против зградата во моментот кога дознаа дека ќе се предвиди во планот.

    Реакциите на жителите не ја поколебаа Општина Карпош да го донесе планот и да даде одобрение за градење и покрај уверувањата од градоначалникот Стевчо Јакимовски дека не уништуваат зеленило заради изградба на згради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари