СТРУЖАНИ БАРААТ ОТПАДОТ ДА СЕ СКЛАДИРА ВО ДЕПОНИЈА КАЈ ОХРИД

    СТРУЖАНИ БАРААТ ОТПАДОТ ДА СЕ СКЛАДИРА ВО ДЕПОНИЈА КАЈ ОХРИДДепонијата веќе една недела чади и миризба се чувствува и во Струга.

    Депонијата кај Струга е делумно изгасната, но чад сè уште има. Тоа трае веќе една недела, а смрдеата се чувствува дури и во Струга. Поради тоа стружани на протести бараат конечно решение за овој проблем. Одговорноста ја бараат кај локалната самоуправа во градот.

    „Не ми е јасно како може пожарот да гори, да се кажува дека не може да се изгасне. Како е можно да има пожар кој гори со денови на сред поле и да не биде изгаснат. Треба да се направи записник, да се види кој е одговорен, зошто е тука депонијата, зошто истата се пали и кои прописи се прекршени”, вели стружанка учесничка на вчерашниот протест.

    Од советничката група на струшките социјалдемократи велат дека има решение за депонијата која е на влезот во градот. Напоменуваат дека не треба да се отвораат нови депонии на територијата на Струга.
    „Потребно е да се изгради регионална депонија за која се говори веќе една деценија. Во неа би се складирал отпадот од неколку општини. Краткорочно предлагаме отпадот да се носи во депонијата кај Буково“, вели претседателот на огранокот на СДСМ во Струга, Даме Ложанкоски

    Во Струга е во тек акција за собирање потписи за петиција за трајно решавање на проблемот која ќе ја достават до Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира