СО ЗАВРШУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА БАКРАЧЕСКИ ПРОПАЃААТ И  ПРОЕКТИТЕ ПРОТИВ КОИ СЕ БОРЕА ОХРИДСКИТЕ ЕКОЛОГИСТИ

    СО ЗАВРШУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА БАКРАЧЕСКИ ПРОПАЃААТ И  ПРОЕКТИТЕ ПРОТИВ КОИ СЕ БОРЕА ОХРИДСКИТЕ ЕКОЛОГИСТИМакета според проектот за уредување на плажата во Лагадин како морска плажа

    Грандиозните проекти што беа закана за екологијата и за Охрид пропаднаа. Беа најавувани за време на мандатот на сè уште актуелниот градоначалник Никола Бакрачески. Со завршување на неговиот мандат во историјата заминуваат  и медитеранската плажа во Лагадин, разни марини, ресторани кај малото пристаниште, можеби и катната гаража во центарот на градот.

    За овие проекти Бакрачески изјавуваше дека ќе придонесат  за развојот на Охрид итуристичката понуда, а невладините организации и еколошки здруженија тврдеа дека тие се опасност за екологијата и за градот.

    „Нема масовна урбанизација, сочувано е Студенчишко блато, нема медитерански плажи, нема приватизација на паркинзите, нема приватни ресторани на мало пристаниште, нема марини на погрешни локации, нема деветкатници, нема непотребна таканаречена реконструкција на кејот со влез во езерото“, напиша познатиот екологист Дејан Паноски кој моментално носител на проектот Дримски басен.

    Паноски, кој беше познат локален активист на ВМРО-ДПМНЕ и прв човек во изборната кампања на Кирил Трендафилов –Нанче пред околу осум години, објави дека овие мали победи биле скапи за неговата лична кариера, но вредни за Охрид.

    Д. Чубриќ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира