РУСИНО СТАВИ БЛОКАДА ЗА СМЕТОТ ОД ТЕТОВСКАТА ДЕПОНИЈА

    РУСИНО СТАВИ БЛОКАДА ЗА СМЕТОТ ОД ТЕТОВСКАТА ДЕПОНИЈАПретоварната станица во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Жителите на гостиварското село Русино, каде се наоѓа истоимената регионална депонија го блокирале патот и не дозволуваат низ нивното село да поминуваат камионите со сметот од тетовската депонија. Тие поставиле контролен пункт на патот и вчера вратиле неколку камиони со смет од Тетово. Ова не е првпат се да прават вакви блокади на патот кој минува низ нивното село и води до депонијата Русино. Причината за повторната блокада е, како што велат русинчани, непридржувањето од Општина Тетово до договорот што го имаат постигнато за транспорт на сметот.

    „Општина Тетово го прекрши договорот за времето кога низ селото треба да минуваат камионите со смет. Ние потпишавме договор дека камионите треба да поминуваат после полноќ, а тие вчера со пет шлепери дојдоа уште во 20 часот и триесет минути. Со ова се загрозува и сообраќајот во селото, се прави загадување од отпадните течности кои се цедат од камионите а се шири и лоша миризба. Денеска ние овде поставивме луѓе и веќе никој не може да минува со камиони и да го носи сметот во Русино. Ниедна општина во полошкиот регион веќе не може да го транспортира сметот низ нашето село освен од комуналното препријатие од Гостивар, бидејќи тоа е од нашата општина, го носат и нашиот смет, а единствено Општина Гостивар се придржуваат до договорените услови и ги исполнија работите што ги баравме од нив“, вели жител на село Русино.

    Наспроти ова, од Јавното комунално претпријатие од Тетово велат дека транспортот на сметот од дивата депонија се одвива непречено. Велат дека нивниот дневен план е да се носат 50 шлепери со смет, од кои 25 се носат во депонијата Дрисла, а другите 25 во депонијата Русино и тој план засега се остварува.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира