ДЕЛУМНО ТОЧНО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:77:"Ованесумјас,тукумојотлошбратблизнак

    1. Пред неколку години, во шоуто на Џери Спрингер во серијата “Прељубници”, имаше случај на маж што си ја изневерува жена си со сестра ѝ. Екипата на серијата го следела прељубникот од А до Ш. И ја имаше снимено целата афера. На крај, во студио ги соочија прељубникот со жена му и го покажаа снимениот материјал. И што ѝ рече прељубникот на жена си? “Тоа се креирани снимки. Не сум јас тој на снимките. Тоа е мојот брат близнак. Не сакав досега да ти кажам дека имам брат близнак, оти не сакав да те вознемирувам”. По овој одговор, жената го праша “Зошто?” А овој и одговара: “Затоа што тој е многу лош ,а јас сум добар”. Па навредено продолжува со: “А зошто ти мене ме следеше? Зарем не ми веруваш? Јас толку добро правам за тебе, а ти вака ми враќаш. И сега што ќе правиш со снимките? Мила, зарем повеќе им веруваш на своите очи отколку на мене?”
    Во нашава епизода од реалното шоу “Пуч и бомба” одат сличните реплики. Повеќе им верувате на своите уши или ни верувате на нас?

    2. Сега го гледаме вистинското лице на политиката. Политичарите немаат лице.
    Од серијата снимени прислушувани разговори дознавме дека вицепремиер и министер за внатрешни работи си се жалат меѓу себе дека не можат да добијат термин кај премиерот за да разговараат за проблемите. И веднаш по објавените разговори во кои слушнавме тешки обвинувања за премиерот и за колеги, се сликаа заедно сосе ликовите од разговорите за да прослават уште еден владин успех.
    Успесите се редат, така што дури и летото може спокојно да дојде. Оти и песокот на Преспа доби камен-темелник за плажа. За неколку месеци кавгите ќе се заборават. Впрочем, во која фамилија нема кавги? Важно е дека кога е во интерес на фамилијата, работата мора да врви.
    Само ме интересира на кој начин се договорија што ќе кажат во јавноста и на кое одбележување успех ќе се појават. По телефон ли се договараа? Дали тоа значи дека телефонските линии сега се сигурни? Или имаат друг начин на комуникација преку кој си ги разменуваат клучните зборови што ќе ги кажат во изјавите. Кој е најбезбеден начин на комуницирање? Курир.

    3. Синодот на МПЦ-ОА ги покачи цените на услугите на поповите. Официјалното објаснување е дека рипнал стандардот на граѓаните.
    Поповите, очигледно, не ги слушнале последните снимки од “бомбата” на Заев. Тие си гледаат МТВ. А таму сме лидери во регионот, втори по ова, најголем раст по она, вработувања на сите страни, БДП-то расте, инвестиции едно чудо, исплатени субвенции, покачени пензии, кој на бања, кој на скијање…
    Самата вера е догма. Ама имаме среќа што тие што ја проповедаат имаат широки видици. Мора да бидат во чекор со барањата на времето. Па и производителите на луксузни коли се фалат со нови модели. Ни поповите не можат да им одолеат на искушенијата на растот на стандардот.

    4. СДСМ најавува дека ќе прави масовни собири во спортски и концертни сали. Вчера рекоа дека ќе ја закупат Универзална сала.
    Нека не се фалат многу за Универзалната, оти таа чека реновирање. Може да му текне на Груевски уште викендов да ги викне сите министри на сликање. И за да означи почеток на изградба на нова Универзална, да одлучи да ја урнат. Со динамит. Да не ја тупиме многу. А и МВР ќе куртули од вонредни технички прегледи на автобуси.
    Туку, ако има толку интерес за “бомбите”, зошто СДСМ-вците не направат саем за папки? Со посебни штандови. На еден штанд папки со тема судство. На друг папки со тема медиуми. На трет штанд – организирање избори. На четврт штанд – папка за ДУИ. На петти штанд промена на ГУП-ДУП. На шести штанд пејачи за кампања. И да остават еден штанд за прашања и нарачки на папки. За заинтересирани граѓани. Одиш кај хостесата и прашуваш: “Извинете, имате некој муабет за ова – за она…” А хостесата љубезно одговара, затоа што разговорот, нели, се снима: “Почекајте да проверам во комбето или да се јавам до странската служба. Немате среќа. Дојдете идната недела, може ќе најдеме нешто и за вас”.

    5. За македонската внатрешнополитичка криза расправале и пратениците во германскиот Бундестаг. За македонската политичка криза не расправале пратениците во македонското Собрание.
    Нормално. Германците расправале, веројатно, затоа што немале доволно информации. Така рече премиерот Груевски. А зошто не расправале неговите пратеници? Затоа што тој така одлучил.

    6. За над 8 илјади жени во Шутка со години нема матичен гинеколог. Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека никој не се јавувал на огласите и проблем е што има малку гинеколози во државата.
    Чудо како министерот досега не се снашол. Нека најде некој од оние стручњаците што ги носи од Америка. Само да не биде од оние мајсторите што лепат вагина со анус.

    7. Зошто од претседателот Ѓорге Иванов досега нема излезено ниту една снимка на прислушуван разговор? Затоа што има телефон со безбедносен сертификат. На неговата мобилка нема микрофон. Има само слушалка.

    8. На крајот на уште една епизода од серијата “Пуч и бомба” сè уште не ми е јасно што е точно, што е делумно точно, а што е целосно неточно од она што го слушаме. Дали одговорот лежи во искрената исповед што ја регистрирав на една од снимките: Добро, бе луѓе, ние ненормални ли сме?
    Остана ли некој нормален во државава? Некој што ќе може да организира избори? И по она што го чувме вчера, остана ли некој нормален што ќе сака да излезе на избори? Некој што не го влечат за уши.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари