ДОБРА МИНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:107:"КогаќегоосвоимеБагдад,конечноќебидемесвоинасвоето

    1. Што ти е консултација со експертски тим. Откако Борис реши да се консултира со советници за секое значајно прашање во разговори со Владата, откри дека му се мешаат во ингеренциите. А најмногу Бучко. И советниците решија на Бучко да му пишат писмо. Претседателот зеде пенкало в рака и го потпиша.
    Бучко прво пиша писмо, па се пишманеше. Отиде до кај Борис да се разберат очи во очи, оти кога станувало збор за сериозни државни прашања, морало да се заборави на личните суети и интриганството. Тие можеби ќе заборават на своите суети, ама што правиме со Фрчко. Неговото најдобро оружје во борбата против Бранко е – претседателот Борис.
    Претседателскиот кабинет во Македонија е многу сериозна институција што се занимава со сериозни државни прашања во која нема место за интриги и суети. На чело на Кабинетот е шефот на државата Љубомир Фрчкоски. Потпретседател на претседателот е Борјан Јовановски. Советник за забавен живот е Борис Трајковски.
    Во тој кабинет, Трајковски најдобро си ја врши својата функција.

    2. Бранко до сега го пушташе Борис да се прави јунак за Ирак. Демек, Американците ништо не барале, а претседателот се им дава. Арно ама, Американците ни побараа. Дојде време за мегдан. Што ќе прави Бранко сега? Турција побара 15 милијарди долари, Бугарија ќе добие милијарда и седумстотини илјади долари… Дојде време и ние да побараме нешто. Сега сигурно ќе се скараат кој треба да побара. Не се знае во чија ингеренција е барањето. Кај нас има многу претседатели, а земјата не знае што сака.

    3. Нашите војници ќе тргнат по патеките на Александар Македонски. Во освојувачкиот поход тој стигнал до Авганистан. За Персија, муабет не правиме.
    Кога првиот македонски војник ќе се истовари во Багдад, Македонија ќе го оствари својот вековен сон. Конечно ќе бидеме свои на своето.

    4. Ми беше жал да го гледам Крег Ретклиф од НАТО како се мачи да не убеди дека мината на патот Сушево – Сопот била поставена добронамерно. Кутриот, само што не им се извини на тие што ја ставиле мината среде пат, оти војниците од Полска неодговорно возеле и ја нагазиле. Со тоа е повредена конецепцијата на мисијата “Хармонија”.
    Сепак, треба да се земе како олеснителна околност тоа што во џипот се наоѓале три лица од македонско етничко потекло. Тоа, заедно со фактот дека и Полјаците се од словенско потекло дава позитивен приод на целиот инцидент. Замислете цивилите да биле Албанци! Карла дел Понте ќе долеташе со брзина на светлоста.
    На следната прес конференција, Крег Ретклиф ќе го видиме како ја дава следната изјава: “Ние од НАТО ветуваме дека преостанатиот плевел од жетвата што ја правевеме пред две години нема неодговорно да го растураме, прибираме, уништуваме, или на било кој начин злоупотребуваме дури и во случај кога жртвите се од словенско потекло”.

    5. Портпаролот на Владата Сашо Чолаковски, по повод роденденот на кумашинот на премиерот изјави дека друштвото навистина останало подолго, отколку што е работното време на кафулето, ама мислеле дека станува збор за забава од затворен тип.
    Младите се забавувале и се занеле. Така е тоа, кога се наоѓаш во затворен круг. Не забележуваш како времето ти поминало.
    Бранко може да има проблеми со вакви забави од затворен тип. Кога е во затворен круг може да се заборави. И да не забележи кога му поминал мандатот.

    6. Грција уште еднаш си кажа дека не го прифаќа предлогот на Македонија за двојно име.
    Кој преговарач својот став го соопштува јавно уште пред да почнат преговорите? Тогаш зошто би се преговарало?
    Затоа што кај нас ако преговорите бидат тајни, и ако ставот не се објави прво во весници, нема да знаеме колку ни се паметни тие што сакаат да бидат преговарачи.

    7. Али Ахмети беше во Приштина. Таму зборувал за подобрување на односите меѓу Македонија и Косово.
    Значи, кога оди во странство, Ахмети настапува како државник од Македонија. А кога оди кај Бранко, му даваат третман на државник од странство.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари