ДОБРО УТРО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:229:"НезнамкакоевоКиселаВода,амавонашемаало,задасеродидете,обичнотребадапоминатдеветмесециоткакоќеопнешнешто.

    1. Дента кога за првпат ЕУ реши да не нe споменува во извештајот, премиерот Никола Груевски се разбуди од седумгодишниот сон и, по многу работа, посветеност и реформи, сфати дека не сме во ЕУ затоа што сме биле неединствени. Така изјави во интервју за “Дневник” . Добро утро, Македонијо.
    Досега неединството не беше пречка, оти извештаите на ЕУ беа позитивни. Сега на премиерот му треба единство за да да ја реши единствената пречка за влез во ЕУ – прашањето за името. Ама не кажа што е подготвен тој да направи за да има единство. И како тоа единство го разбира.
    Оти неединството во Македонија веќе ги надмина рамките на политичка борба меѓу партии. Тоа неединство стана начин на живеење меѓу луѓето. Веќе не сме поделени само на наши и ваши. Ни на предавници и на патриоти. Ниту на многудетни и бездетни. Или на лустрирани и нелустрирани. Лустрирани живи, лустрирани мртви. За геј или антигеј. За ЕУ или против ЕУ. За споменици или против споменици. За Халкидики или против Халкидики. За црква или против црква. За буџет или против буџет. За абортус или против абортус. За барок или за модерна. За поскапа струја или за поевтина струја. За парно или против парно…
    А порано си бевме само Македонци и Албанци.
    2 Премиерот е силен. Многу силен. И затоа не очекувам од него да се жали на расипаноста и себичноста на ЕУ или на непринципиелноста на САД. Ништо не ми значи и кога ќе каже дека “само душата не може да ни ја земат”. Напротив. Уште повеќе ме разочарува. Зарем тој дури сега сфати дека нам душата ни ја вадат со памукче веќе 22 години. Зарем и по седум години владеење Груевски дури вчера сфати дека тој е политичар, а не филозоф. Па од премиер кој довербата ја добива на неколку последователни избори и кој никогаш не пропушта тоа да го потенцира, очекувам многу повеќе отколку фаталистички да заклучи: “Ќе го издржиме и ова некако. Таква ми била судбината, да имам таков мандат”.
    Е сега баш ми олесна. Штом било судбина, од судбина не се бега.
    Од одговорен политичар очекувам акција за да направи единство. Со исто таква посветеност како што го поттикнуваше неединството. Факт е дека Бранко не беше лесен партнер за градење единство. Ама факт е и дека Груевски е на власт и дека тој ја носи одговорноста. Оти кога се повикуваш на граѓаните за да поставуваш споменици и да ограничуваш право на абортус, ќе се повикаш на граѓаните и кога ќе треба да сработиш единство. Во крајна линија, тие граѓани и му дале мандат за градење единство.
    Само да се разбереме. Единство не се прави така што се игра само по мои правила, оти топката е моја.
    3 По седум години создавање клима во која ерес е и да се размислува поинаку, по седум години систематско ослабување на опозицијата и замолчување на критичката јавност, Груевски е суверено сам на врвот. Требаше да му затреба единство за да сфати дека го нема.
    Иако, рака на срце, кога зборуваме за одговорност за неединството, не може да се амнестира ни опозицијата. Седум години само се лутат, кукаат и плачат што не се на власт. А ништо не понудија за да се вратат на власт. Ама не да се вратат само за да ја сменат власта. Туку да покажат што се способни да направат за да изградат единство. Тоа досега не го видовме. А Груевски беше доволно паметен и вреден тоа да го искористи.
    4 Не ми е јасно за какво единство зборуваме, кога секоја недела имаме по некој граѓански конфликт. Зошто ги создаваат по секоја цена? Никој не рече дека ќе се урива црква, се појавија контрапротестанти против уривање црква. Никој не кажа дека ќе има геј парада, се појавија контрапротестанти против геј парада. Зошто? Си бараат поводи за да му поделат сендвичи на народот?
    5 Група хулигани го каменуваа ЛГБТ центарот во Старата скопска чаршија. Насилството го осуди холандската амбасада. Побара и истрага од полицијата. Ај кафулето што го каменуваа, ај што ја каменуваа и куќата на глумецот што кажал дека е геј, ај што истепаа и едно дете на Плоштадот оти случајно им заличило на геј, ама и полицаец беше нападнат и повреден.
    Знаете ли што се случува во нормални држави кога хулигани ќе повредат полицаец? А тука полицијата не може да најде 40 палави деца покриени со качулки. Притоа, цел град покриен со камери.
    6 Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец објави дека Општината ќе дава по 6.000 денари за секое новороденче. Одлуката важи за децата родени од 20 јуни до 31 декември оваа година.
    Ова е веројатно стимулација за да се раѓаат деца. Не знам како е во Кисела Вода, ама во наше маало обично треба да поминат девет месеци откако ќе опнеш нешто. Освен ако ова не е награда за тие што благовремено позитивно размислувале на темата. Па предвреме оствариле.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира