ДВЕ МУЗИКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:98:"Неможедајаоставишдемократијатадаправиштосака

    1 Во Скопје, на 31 декември, Македонија ќе доживее уште едно чудо. По дваесет и две години независност, созреавме за уште едно осамостојување. Скопјани ќе се отцепат од самите себе. Ќе прогласат автономија од себеси.
    Тоа се случува затоа што ВМРОДПМНЕ и СДСМ не можат заедно да прослават ни Нова година. На плоштадот Македонија, прославата ја организираат Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајаноски, а на сто метра западно од Плоштадот, пред Арапска куќа, прослава организираат Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски.
    Две музики свират чалгии. Една жаловна, друга таговна. Две прослави. Уште сега гарантирам дека другиот ден, како на предизборен митинг, Коце и Андреј ќе си ги мерат на кого му е поголем бројот на посетители.
    Секој со својата банда на својот плоштад. А ако не сакаш да бидеш член на нивните банди, оди преку Камениот мост. И со тоа и на Нова година ќе н потсетат како живееме ние 20 години. Изборот ни е меѓу две банди. И секогаш мора да се определиш за едната ако сакаш да ти биде убаво. Ако не сакаш да бидеш член на нивните банди, седи си дома. Сите што не сакаат да играат по нивните музики, не заслужуваат Нова година.
    Опозицијата од Општина Центар направила и некој слоган. Прославата им се вика “Град во градот”. На власта не и треба слоган. ВМРО и онака е држава во држава.
    Туку, што правиме со првото бебе? Гинеколошката клиника е во Општина Центар. Ќе имаме две први бебиња? Или Коце ќе го бара првото бебе во Гинекологија Чаир? Освен ако некои совесни граѓани пак не му ја исклучат струјата на Изет Меџити.
    А може и две Нови години ќе ни дојдат.
    2 И новиот закон за медиуми е продолжение на тепачката меѓу двете банди. Ај на ВМРОДПМНЕ и на ДУИ им го знаеме демократскиот капацитет. Ама гледам и СДСМ добро се покажа. Си пресметаа дека еден ден може и тие ќе дојдат на власт. Џавкаа еден ден во Собрание и на крај си заминаа од салата. Божем законот помалку ќе важи ако не биле таму. Исто како што направија со законите за отежнување на абортусот и за лустрацијата. Не биле во салата и за нив законот не важи. Иако, погледнато од перспектива на власт во комбинација со долгорочните амбиции на СДСМ, ВМРО им направи добра услуга.
    Да сакаа да не помине законот, СДСМ можеше да го блокира со илјадници амандмани во комисиска расправа, затоа што тој закон не го бара Европската Унија, а не е ни буџет. Ај што не го блокираа, туку не велат и дека ќе го оспорат на Уставен суд. Затоа што со законот се воведува цензорско тело во држава во која цензурата е забранета со Устав. Ај што нема да го дадат на Уставен суд, туку во расправата никогаш не рекоа дека ако дојдат на власт, ќе го укинат тој закон како непотребен. Оти тогаш може да им биде потребен. Е тука се гледа далекувидоста на опозицијата. Кога ќе дојдат на власт, и тие ќе сакаат да ги контролираат медиумите и да им се закануваат на политичките противници. Плус не се ни виновни за тоа. Тие не беа тука кога се носеше законот.
    Е толку им е гајле и на ВМРО и на СДСМ за слободата на изразување. Полна уста за јавен интерес, а, всушност, и на едните и на другите интересот им е само власт. Со секој закон што ВМРО го носи, а СДСМ се прави дека не е тука, како што ни зрее демократијата, така ни јакне и контролата на демократијата. Не може да ја оставиш демократијата да прави што сака.
    3 Претседателот \орге Иванов го одржа последниот говор пред пратениците во овој мандат. Ги сублимираше своите петгодишни достигнувања со народната мудрост: “Што е наше, ќе си дојде”.
    Повизионерски само баба ми ми има кажано. Таа на оваа претседателска визија би додала: “Трпение спасение, таков ни бил ксметот”. Па јас од претседател очекувам да ми испрати порака, да ми открие некоја стратегија, да ми каже што ќе направи, а не да ме теши со народни изреки изговорени во моменти на очај. Што значи кога претседател на нацијата ќе и порача: “Што е наше, ќе си дојде”. Тоа значи, што и да ни дојде наше било. Претседателот н предупреди навреме.
    4 Конечно, проработе системот за прочистување на воздухот. Заврна дожд.
    5 Во Пластичарската улица во Скопје имало дефект на трафостаницата. Двајца вработени во ЕВН дошле да поправаат, ама жителите и дуќанџиите ги киднапирале зашто мислеле дека доаѓаат да им исклучат струја поради неплатени сметки. Полицијата дошла и киднапираните ги ослободиле. Но од ЕВН, за да може да го отстранат дефектот, морале привремено да исклучат струја во дел од улицата. Тогаш граѓаните си ја презеле контролата во свои раце. Влегле во трафостаницата и сами пробале да си ја вклучат струјата. Арно ама, по грешка го исклучиле пола Чаир, меѓу кои и општинската зграда и “Комунална хигиена”.
    Бидејќи ДУИ бара по рамковен договор Албанци да се вработуваат и во приватните фирми, а не само во јавната администрација, ЕВН веќе има готов кадар. Мајсторите што ја обија трафостаницата, нека ги стави во Управен одбор.
    Командантите од ДУИ што со пушка в рака се бореа за слобода и демократија, толку многу ги проширија слободите и правата, па сега и плаќањето струја е најголемо кршење на човековите права.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира