ГЕР­МАН­СКИ ШУМАР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:84:"Кан­це­лар­ка­тавоканцеларијалиеденеска?

    1 Па добро бе. Како може да исчезне непроценливо богатство од музеј во центар на главниот град на една држава, а никој не знае ништо, ни кога, ни како, а не пак кој си ги зел артефактите. Прво се крадеа археолошки наоѓалишта. Потоа се кра­деа икони од цркви. А сега се краде и во музеј. Чиста работа. Попишано, кла­си­фи­ци­ра­но, конзервирано… Што е следно? Да беа поштите сигурни, оти и нив ги ог­ра­бу­ва­ат, ќе им ги праќаа со брза пратка.
    Доб­ро што Музејот се сели. Па при селењето открија дека им фалат артефакти. Ќе треба почесто да се селат.
    По­пис на луѓе не можеме да направиме. Туку дај да се преброиме што од умет­нич­ки предмети ни останало по музеи, галерии, библиотеки, архиви, цркви, џа­мии, да пријавиме кој што си има по дома, да ги собереме на куп и да им ги по­де­ли­ме на светските музеи, Метрополитен во Њујорк, Британскиот музеј во Лон­дон, Лувр во Париз… Да ни го почуваат малку националното богатство. Додека да се консолидираме како држава. Таму барем ќе бидат на сигурно. И ако, евен­ту­ал­но, некој ги украде од таму, барем веднаш ќе забележат дека ги нема.

    2 Ми­нис­те­рот Џери Наумоф го чекавме долго време да се приспособи на ма­ке­дон­ска­та клима. Заборавивме за што министер е поставен. Ги чекавме, го че­кав­ме, и конечно се појави со група можни кинески инвеститори што упорно бараат ма­ке­дон­ски визи. Цел свет инвестира во Кина, поради евтината работна сила, а Џе­ри ги повика Кинезите да инвестираат во Македонија, оти и ние имаме свои вред­нос­ти и предности. Министерот Џери го рече ова: “Македонија во однос на тро­шо­ци­те за производство е исто толку конкурентна колку и Кина. Во Ма­ке­до­ни­ја има најниски плати во Европа”. Рече Џери, и за тоа зема плата.
    Бла­зе си ни. Тоа нe прави многу горди. Стасавме и ние да сме конкурентни на свет­ски­от пазар. Не сме само Индија во Европа. Ние сме Кина во Европа.
    По оваа изјава на министерот Џери Наумоф, веќе се подготвува нова реклама за прив­ле­ку­ва­ње странски инвестиции со нов слоган: Дојдете во Македонија, ние ќе ви работиме за џабе.
    А министерот веќе се подготвува за следниот проект. Ќе оди по инвеститори во Бан­гла­деш.

    3 Ина­ку, Индијците успешно ја испратија првата вселенска мисија за Марс. Лан­си­раа ракета. А бе Субрата Рој нешто го нема деновиве.

    4 Ина­ку, настрана конкурентните плати, оваа недела имавме многу оп­ти­мис­тич­ки проекции. Растот на бруто-домашниот производ е повисок од Еврозоната и САД. Порасна и индустриското производство. Пораснала и куповната моќ на гра­ѓа­ни­те.
    Ве­ро­јат­но некој тоа и го чувствува. Блазе си му.

    5 Мет­ју Нимиц се шетал низ Европа. Па бил и во Берлин. И си вика, што да пра­вам, со кого да помуабетам за моите напори за решавање на спорот, па отишол до сојузната германска Влада. Се пријавил на пријавница. Добар ден, се из­ви­ну­вам, канцеларката во канцеларија ли е денеска? И тие му рекле, да тука е, нема ра­бо­та, оти влада уште нема формирано. Ги потпишува платите, ама многу ќе ти се израдува, да $ го разубавиш денот. И така Нимиц отиде да ја информира кан­це­лар­ка­та Ангела Меркел за неговите напори за решавање на спорот. Оти таа до­се­га не била информирана.
    Аме­ри­кан­ски­от амбасадор во Скопје Пол Волерс рече дека тоа е добро. Сигурно си помислил: “Ај малку друг нека им го бере гајлето”. Ама нека не се надева де­ка така лесно ќе се откажеме од Американците. Оти Меркел на цела Европа $ го бе­ре гајлето кај $ одат парите, па којзнае дали ќе сака уште и кума за име да би­де. Ајде, кумо, ти изгоре ќесето. Со тој себап покрај Самарас, може и Груевски не­ко­ја паричка да добие од Германците.
    Зна­чи, шумарот од Вашингтон, колку и да е лут, досега не успеа да ги разбрка Гер­ман­ци­те и партизаните. Ама ако дојде шумаркава од Берлин, и ако се налути, не­ка му ја мислат и партизаните и Германците.
    Оба­ма едно време беше прогласен за најмоќен човек во светот. А Ангела Мер­кел беше прогласена за најмоќна жена во светот. Па сега видете што е полошо.

    6 За­га­ду­ва­ње­то во Скопје изминативе денови било четири пати поголемо од доз­во­ле­но­то. И некои медиуми дигнаа паника. Без да земат предвид дека лани, во ис­то­то време загадувањето во Скопје било десет пати поголемо од дозволеното.
    Тоа е пристрасно информирање. Медиумите зборуваат за загаденост, наместо за по­доб­ру­ва­ње на квалитетот на воздухот. Ние и на ова поле бележиме напредок. Кој во Европа, а богами и во светот успеал да ја намали загаденоста за 60 отсто. И тоа и покрај увозот на стари коли, немањето филтри на индустријата што е во по­дем и градежниот бум. Ај нека пробаат таму некаде во ЕУ толку драстично да го подобрат квалитетот на воздухот како кај нас.
    И најзелената партија на Лиле Поповска ДОМ деновиве почувствува потреба да се обрати до јавноста. Одржаа прес-конференција на која ја повикаа ме­ѓу­на­род­на­та заедница да изврши притисок врз Грција. Во врска со името.
    А градоначалникот на Скопје Коце Трајановски објасни дека е нормално во цен­та­рот на Скопје да има поголема загаденост од нормалата, оти многу се гради.
    Е сега веќе можам полесно да дишам. Ако треба да се умира од загаден воздух, барем да се умира за повисоки цели.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира