ГУЛАБ НА ГРАНКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:92:"Останаасамобелипеперуткииларви.Ипонекојцрв

    1.   Фино викаа СДСМ-овците дека оваа работа мора да се реши пред одморите. И доследни на тоа што го викаа, решија дека ќе ги интензивираат активностите од есен. Борбата против режимот одмора. Па додека земе сила, ќе чекаме ајвар да направат, па децата да се стабилизираат со школо… После снег ќе заврне. Па ќе ги чекаат Студентскиот и Среднош колскиот пленум да ги извадат луѓето на улица за пак да им се приклучат.
    А ние тука во редакцијата наивно мислевме дека земјата е во криза, па чекаме разврска и си ги одлагаме одморите. Може премногу сериозно ја сфаќаме работата. Или премногу сериозно ја сфаќаме кризата. Ние на штрек чекаме дали ќе паѓа Владата и дали Заев ќе го апсат, а СДСМ чека да залади. Може со грчката криза начекале евтини аранжмани. Па го сменија текот на револуцијата. Заев уште во средата најави дека преговорите се пропаднати, ама Централниот одбор на партијата не се собра ни во четврток, ни во петок, туку ќе се состанеле дури во понеделник. Ни викендот не сакаат да си го расипат. Па 28 земји членки на ЕУ побрзо се состануваат, и тоа во недела, ако неш- то им е важно, отколку ЦО на СДСМ што ќе се состане во Скопје среде јули. Го оставија Заев да спие во шаторите пред Влада, а тие си заминаа на одмор со верба дека Владата ќе падне. Со пуштање на песната на Бајага “Пада Влада” и со дебати.
    Главните поддржувачи на кампот ве- ќе ги нема ни на дебати како експерти за човекови права. Се правдаат дека било лето. А за ВМРО нема лето, нема зима. Остваруваат 24/7. Не мора да ти се допа- ѓа тоа што го работат, ама факт е дека го сработуваат. Па и Груевски ако сака да одмори, никој нема да дознае. Само ќе им нареди на Никола Тодоров, Спиро Ристевски и Диме Спасов да се појавуваат на секои пет минути на телевизија и да промовираат сенешто. Преродбата тече и кога “Вистината за Македонија” одмора.

    2.   Во меѓувреме Груевски продолжува со акциониот план. Игралишта, улици, ветерници, кинески возови… 600 нови полицајци. Државни хонорарци со потврди дека в година ќе се вработат. Македонија вработува надолго и нашироко. И Собранието за момент престана да носи закони. Сериозно се зафати со извештајот на Прибе. И пратениците заклучија дека во тој извештај всушност с било добро, само требало да се досредат мали нијанси. При тоа воопшто не разговарале за делот од извештајот кој бара Владата да престане да вработува. Само опозицијата е кабает за с што не чини во земјава. Дури и пратеничката Солза Грчева што ВМРО- ДПМНЕ ја промовираше во опозиција, направи надзор врз Агенцијата за разузнавање. А и делегацијата на ММФ задоволно си замина.

    3.   Според договорот од 2 јуни на кој сите инсистираат, на чело со ЕУ и САД, ние треба да сме среќни што ќе имаме избори во април. Договориле дека изборите ќе бидат демократски и фер. А како ќе ги спроведат изборите и кој ќе ги спроведе – тоа не може никако да се договорат.
    Значи треба да се радуваме на гулабот на гранката. Оти врапче во рака немаме.

    4.   Во средата беа објавени резултати од анкетата на американскиот институт ИРИ според која ако сега би се одржале изборите 23 отсто од избирачите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 11 отсто за СДСМ. За ДУИ би гласале 7, а за ДПА 3 отсто од испитаниците. Или вкупно, за четирите партии што преговараат за судбината на земјата, би гласале 44 отсто од испитаниците.
    Истиот ден се појави и анкета на германската фондација Фридрих Еберт, според која 52,8 отсто од младите од Македонија би се иселиле од земјата.
    Повеќе млади би се отселиле од државата отколку луѓе што би гласале за овие четири партии. Па за кого ли расправаат кога се среќаваат во Клубот на пратеници, па уште и глумат сериозност пред меѓународни претставници? А и тие пак сериозно ги сфаќаат. Па тие за своите вкупни 44 отсто расправаат. А оние 52,8 отсто млади луѓе не се вредни за разговор. Оти не се нивни. Тие и така решиле да си одат.

    5.   Како капак на овие истражувања се појавија и роеви бели пеперутки што го нападнаа Охридско. Оваа несекојдневна појава експертите ја толкуваа како последица на намалениот број птици што се хранат со ларвите, па затоа се намножиле пеперутките. Се прекинал природниот синџир на исхрана.
    Каде се птиците? Зарем и тие избегаа од Македонија? Останаа само бели пеперутки и ларви. И по некој црв.

    6.   Зошто пратениците во нецелосниот состав на Собранието бараат поголеми плати? Затоа што ја работат работата и на опозицијата? Или затоа што остваруваат резултати незабележани во аналите на парламентарни демократии и на многу поголеми демократии од нашата. Донесоа илјадници закони за рекордно време. А по 9 години и комисија за контрола на разузнавачите направија.

    7.   ДУИ сигурно веќе ја напуштила Владата. Затоа од позиција на некој што не е во Влада, лидерот Али Ахмети по средбата со американскиот амбасадор Џес Бејли го изјави ова: Тешката состојба во земјата треба да не загрижува сите нас и особено двајцата македонски лидери треба да се надминат себеси и да дејствуваат со храброст што е можно побрзо кон постигнување на компромис земајќи ги предвид првенствено интересите на државата и граѓаните.
    Видиш, интересно ова што го кажал Али. Не знам, не сум чул, не сум видел… Не сум од тука. Забавно е кога албански политичар во Македонија пред Американец се прави “на Енглез”.

    8.   Не се само борците за човекови права на одмор. И авионите за гасење пожари одмораат. Не се во Грција. Во Шпанија се. Дирекцијата за заштита и спасување среде лето ги испратила сите три авиони истовремено на ремонт што ќе траел 28 работни дена. На прашањето зошто испланирале да останеме без ниту еден авион во текот на јули, одговорија дека според искуството и нивните анализи, пожарите во Македонија се случувале во август и во септември.
    Па ако може борбата против режимот да ја чека есента, зошто и пожарите да не се стрпат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари