ХЕЛОУ И ЗДРАВО

    1  Ко­га го гле­дав прет­се­да­те­лот на Со­ве­тот на об­ви­ни­те­ли Пе­тар Анев­ски ка­ко бес­ком­про­мис­но ја шти­ти не­за­вис­нос­та на со­ве­тот за се­дум по­мош­ни­ци на Ја­не­ва и ко­га го ви­дов ка­ко об­јас­ни зош­то не­за­вис­нос­та не­ма да би­де заг­ро­зе­на со уш­те пет по­мош­ни­ци на спе­ци­јал­ни­от об­ви­ни­тел, ми тек­на на оној виц со ко­кош­ка­та и пе­те­лот. Пе­те­лот ја бр­кал ко­кош­ка­та низ бу­ниш­те­то, а таа му бе­га­ла. Ар­но ама, пе­те­лот упо­рен, а ко­кош­ка­та не ни са­ка­ла да бе­га. Са­мо са­ка­ла да мис­лат де­ка е чес­на. Па си рек­ла: “Ај да по­тр­чам уш­те ед­но крук­че, да не ре­чат де­ка сум лес­на ко­кош­ка”.

    Си­ту­а­ци­ја­та е се­ри­оз­на. Не е за ви­цо­ви. До­го­вор од Пр­жи­но е во пра­ша­ње. И ев­роп­ска­та ид­ни­на на др­жа­ва­та плус. А и не е во ред ак­те­ри­те на кри­за­та да се спо­ре­ду­ва­ат со пет­ли и ко­кош­ки, а др­жа­ва­та со бу­ниш­те. За­тоа тре­ба на од­лу­ка­та на Со­ве­тот на об­ви­ни­те­ли да и по­пуш­ти на Ја­не­ва да се гле­да со дол­жна до­за на се­ри­оз­ност. Муд­ра­та мак­си­ма на прет­се­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов “Ра­зу­мен ком­про­мис е раз­у­мен ком­про­мис”, сè по­ве­ќе до­би­ва прак­тич­на при­ме­на. Кон­кре­тен при­мер де­ка тоа фун­кци­о­ни­ра ви­дов­ме на при­ме­рот на не­за­вис­но­то те­ло Со­вет на об­ви­ни­те­ли. Ка­ти­ца ба­ра­ше 14 по­мош­ни­ци, Со­ве­тот не­за­вис­но од­лу­чи де­ка до­вол­ни и` се се­дум­ми­на. Ка­ти­ца се за­ка­ни де­ка ќе би­дат из­бра­ни или си­те, или ни­е­ден. Со­ве­тот ре­че де­ка не­ма шан­са да го сме­ни ста­вот. Оти тие та­му не доз­во­лу­ва­ат по­ли­тич­ко ме­ша­ње и при­ти­со­ци. И по две не­де­ли тр­ча­ње крук­чи­ња Со­ве­тот на об­ви­ни­те­ли не­за­вис­но и без при­ти­со­ци од­лу­чи: Ни по на­ше ни по неј­зи­но, ни се­дум, ни че­тир­ина­е­сет. Ту­ку 12. Со­ве­тот по­пуш­ти. Ка­ти­ца при­фа­ти. И дој­дов­ме до ком­про­мис. Што е по­ли­тич­ки ко­рек­тен из­раз за обич­но па­за­ре­ње.

     

    2   Спо­ред за­ко­нот за по­ли­ци­ја, се­кој ми­нис­тер до­би­ва бе­не­фи­ци­ран стаж. На од­ра­бо­те­ни 12 ме­се­ци, сле­ду­ва­ат до­пол­ни­тел­ни 4 ме­се­ци стаж. Во слу­ча­јот на по­ра­неш­на­та ми­нис­тер­ка Гор­да­на Јан­ку­лов­ска кај неа бе­не­фи­ци­и­те се еп­тен зас­лу­же­ни. Ба­рем спо­ред она што го чув­ме во се­че­ни­те, мон­ти­ра­ни и ле­пе­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри. Два­на­е­сет ме­се­ци ра­бо­те­ла за МВР, а че­ти­ри ме­се­ци за ВМРО. Или об­рат­но? За­ви­си од го­ди­на­та.

    Ка­ко бе­ше она на де­нот на из­бо­ри­те ко­га до­а­ѓа­ле стран­ски­те наб­љу­ду­ва­чи? МВРО-ВМРО? Мо­ре тре­ба уш­те стаж да и` до­пи­шат.

    Пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски об­јас­ну­вај­ќи што се до­го­во­ри­ле за ин­ге­рен­ци­и­те на пре­од­ни­от ми­нис­тер за внат­реш­ни ра­бо­ти, ре­че де­ка за­ме­ни­кот на ми­нис­те­рот што ќе би­де од ВМРО-ДПМНЕ ќе има пра­во на ве­то за кад­ров­ски­те ра­бо­ти на ми­нис­те­рот од СДСМ. И под­вле­че де­ка со тоа ќе се обез­бе­ди “да не се прет­во­ри но­во­то МВР во пар­ти­ска пос­та­ва на ед­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја”.

    Да не мис­лел на “пар­ти­ска пос­та­ва на дру­га по­ли­тич­ка пар­ти­ја”?

    Ка­ко бе­ше она на де­нот на из­бо­ри­те ко­га до­а­ѓа­ле стран­ски­те наб­љу­ду­ва­чи? МВРО-ВМРО?

     

    3   Поп ѕвез­да­та Адел го про­би ре­кор­дот со ми­ли­он па­ти про­да­де­на ед­на пес­на за ед­на не­де­ла. Неј­зи­ни­от нај­нов хит “Хе­лоу” се вр­ти на си­те ра­ди­ја на се­кои три ми­ну­ти.

    Адел се вр­ти на ра­ди­ја­та. А Гру­ев­ски на те­ле­ви­зи­и­те. Од са­бај­ле до ве­чер на си­те те­ле­ви­зии ка­ко пар­ти­ска рек­ла­ма се пуш­та не­го­ви­от го­вор на 23 Ок­том­ври. Пар­ти­ја­та пла­ќа рек­ла­ма за го­вор на пре­ми­е­рот одр­жан на др­жа­вен праз­ник. По сто па­ти на ден слу­ша­ме и ве­ќе да – сфа­тив­ме. 23 Ок­том­ври е ро­ден­ден на ВМРО. Доб­ро де. Сфа­тив­ме. На­ро­дот ќе ре­ши на из­бо­ри? Доб­ро де, сфа­тив­ме. На­ро­дот ќе ре­ши. Ова е на­ша зем­ја. Доб­ро де. Сфа­тив­ме. Ова е на­ша зем­ја.

    Тоа не е про­па­ган­да. Тоа е единс­тве­на­та кон­ку­рен­ци­ја на Адел. Хе­лоу. И здра­во.

     

    4   Во вр­ска со ими­ња­та на но­ви­те згра­ди во кои се смес­те­ни др­жав­ни ин­сти­ту­ции не ми се јас­ни по­ве­ќе ра­бо­ти. Кој ги из­мис­лу­ва ими­ња­та? Ка­ко им до­а­ѓа­ат иде­и­те? Кој ре­шил де­ка во­оп­што тре­ба да им се да­ва ими­ња на згра­ди­те? По кој кри­те­ри­ум се из­би­ра ко­ја згра­да со чие име ќе се крс­ти? Кој од­лу­чу­ва кое име ќе се ста­ви на спи­со­кот за ими­ња на згра­ди? И ко­неч­но, кој ги одоб­ру­ва ими­ња­та за се­ко­ја по­е­ди­неч­на згра­да?

    Ко­га поч­наа со име­ну­ва­ње на кат­ни­те га­ра­жи мал­ку ими­ња­та им беа без кон­цепт. Из­ме­шаа и лу­ѓе и вос­та­ни­ја и кон­гре­си. Кај си пар­ки­ран? Во То­дор Алек­сан­дров. Кај ќе се нај­де­ме? Пред Со­лун­ски кон­грес. Оти во Раз­ло­веч­ко вос­та­ние не­ма­ше мес­то. А јас пак нај­дов мес­то во Ма­ке­дон­ска фа­лан­га. Некако неконзистентно ми стои.

    За­тоа пак име­ну­ва­ње­то на згра­ди­те на јав­ни­те ин­сти­ту­ции со ими­ња на лич­нос­ти од ис­то­ри­ја­та има по­ве­ќе смис­ла. Не­ка­ко е по­из­др­жа­но. Баш­ка и па­ла­ти ги ви­ка­ат. Па Ми­нис­терс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти го крс­теа Па­ла­та Бо­рис Са­ра­фов. А згра­да­та на јав­но­то об­ви­ни­тел­ство Па­ла­та Пет­ре Пи­ру­зе – Мај­ски. Пук­на­ти се за па­ла­ти џа­нам. Од гипс да е, ама па­ла­та да е.

    Згра­да­та на Аген­ци­ја­та за елек­трон­ски ко­му­ни­ка­ции се ви­ка Па­ла­та Све­та Ли­ди­ја. Ка­ко што пи­шу­ва на об­јас­ну­ва­ње­то на пло­ча­та од згра­да­та “Све­ти Апос­тол Пав­ле ја крс­тил пр­ва­та хрис­ти­јан­ка во Ев­ро­па ма­ке­дон­ска­та Ли­ди­ја и ја ос­но­вал пр­ва­та црк­ва во Ев­ро­па”. Све­ти АЕК. Тра­ди­ци­о­нал­на заш­тит­нич­ка на елек­трон­ски­те ко­му­ни­ка­ции уш­те од вре­ме­то на ра­но­то хрис­ти­јан­ство.

    Оние што се во АЕК тре­ба да би­дат осо­бе­но вни­ма­тел­ни и пре­циз­ни во од­го­во­рот ако не­кој ги пра­ша ка­де ра­бо­тат. Кај одиш? Кај Ли­ди­ја. Ко­ја Ли­ди­ја? Има нез­го­ден од­го­вор на тоа пра­ша­ње што воз­љу­бе­ни­те де­мох­рис­ти­ја­ни не го зе­ле пред­вид ко­га ја крс­те­ле згра­да­та.

     

    5   Пет­кат­на­та згра­да на Ар­хе­о­лош­ки­от му­зеј во ко­ја е смес­тен и Ус­тав­ни­от суд се ви­ка Па­ла­та Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски. Ем му­зеј ем па­ла­та. Ама зош­то Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски? Во тој му­зеј има бес­це­не­ти ар­хе­о­лош­ки ар­те­фак­ти ис­ко­па­ни во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Прв пат на ед­но мес­то се из­ло­же­ни пра­ис­то­рис­ки­те Адам од Го­вр­ле­во, Го­ле­ма­та Мај­ка и Те­тов­ска­та Ме­на­да. Бес­це­не­то. Ис­ко­па­но ту­ка.

    Пок­рај овие неп­ро­цен­ли­ви ори­ги­на­ли има и ед­на гип­се­на ко­пи­ја на не­ка­ков сар­ко­фаг. Оригиналот на тој саркофаг од 4 век пред на­ша­та ера е ископан во Либан, а се чува во Истанбул. На саркофагот има рел­јеф што при­ка­жу­ва не­как­ва бит­ка на Алек­сан­дар Ве­ли­ки. И по­ра­ди тој рел­јеф се ви­ка Сар­ко­фа­гот на Алек­сан­дар Ве­ли­ки. И токму по­ра­ди тоа име нашата ко­пи­ја е ку­пе­на од му­зе­јот во Ис­тан­бул. И по­ра­ди тоа, згра­да­та во ко­ја е смес­те­на ко­пи­ја­та се ви­ка Па­ла­та Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски.

    Тол­ку за иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња.

     

    6  Те­то­во ми­на­та­та не­де­ла се за­ки­ти со ти­ту­ла­та нај­за­га­ден град во све­тот. Гра­дот под Ша­ра одам­на не­ма до­вол­но во­да за пи­е­ње, ама се­га не­ма ни до­вол­но воз­дух за ди­ше­ње. Не­ма во­да. Не­ма воз­дух. Ама има дво­ја­зич­ни таб­ли. Има живот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари