ИН­ДИ­ЈА­НА ЏОНС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:93:"Ка­котрг­на­лара­бо­та­ва,си­теќепро­пе­е­ме.

    1 Што па­ри да­ва­ат Аме­ри­кан­ци­те за униш­ту­ва­ње на хе­мис­ко­то оруж­је од Си­ри­ја? Дај ние да ги зе­ме­ме и оруж­је­то и па­ри­те. И дуп­ло да ќа­ри­ме. На па­ри­те ча­ре ќе им нај­де­ме. А оруж­је­то ќе го ре­цик­ли­ра­ме и ќе го нап­ра­ви­ме пес­ти­ци­ди. Па ко­га ќе се по­ка­же род­на го­ди­на­та, ќе има­ме до­бар из­воз не са­мо на крас­та­ви­ци и гроз­је, ту­ку и на до­ма­ти, пи­пер­ки, ја­бол­ка, пра­ски, кро­мид и дру­го ор­ган­ско овош­је и зе­лен­чук.
    Баш­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе има и трет ќар од хе­мис­ко­то оруж­је во Си­ри­ја. Сe што ќе ис­прс­ка­ме Вар­дар ќе ис­пе­ре и ќе од­не­се кај оние та­му до­лу, кај на­ши­от ју­жен со­сед.

    2 Зав­че­ра гру­па мас­ки­ра­ни на­сил­ни­ци со пал­ки ис­те­па­ле осум уче­ни­ци во скоп­ска­та на­сел­ба Чен­то. Не са­кам да пра­вам дра­ма око­лу пос­лед­ни­от ин­ци­дент во град­ски­от ав­то­бус во Скоп­је. Ед­нос­тав­но, од­би­вам да по­мис­лам, а ка­мо ли да ве­ру­вам де­ка ова е на­ра­ча­на те­пач­ка. Ми е страв и да по­мис­лам де­ка на не­чиј по­вик се со­би­ра­ат те­па­чи, зе­ма­ат пал­ки, се мас­ки­ра­ат и вле­гу­ва­ат во град­ски ав­то­бус, за што – за да те­па­ат де­ца.
    Не дај Бо­же да за­ги­не не­кое де­те. Кој ќе мо­же да пре­зе­ме од­го­вор­ност за пос­ле­ди­ци­те? Не тре­ба да би­деш атом­ски фи­зи­чар за да зна­еш де­ка пос­ле­ди­ци­те би би­ле крв до ко­ле­на. Кој има ка­па­ци­тет да се спра­ви со си­ту­а­ци­ја­та ако те­пач­ки­те из­ле­зат од град­ски­те ав­то­бу­си?
    За­тоа единс­тве­на уте­ха и сми­ру­ва­ње ќе би­де ако ви­ди­ме де­ка др­жа­ва­та е спо­соб­на бр­зо да ги от­крие те­па­чи­те и да ги каз­ни. Оти ви­дов­ме прем­но­гу тра­гич­ни при­ме­ри од при­каз­ни­те низ по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја од де­ве­де­сет­ти­те на­ва­му. Па и от­кај нас. 2001 го­ди­на не е тол­ку одам­на за да се за­бо­ра­ви.

    3 Се вра­ти сја­јот на Скоп­ски­от фес­ти­вал. За пр­ва­та наг­ра­да ќе се ис­пла­тат 20 ил­ја­ди ев­ра. Мно­гу е ло­гич­но во др­жа­ва во ко­ја про­сеч­на­та пла­та е 20.000 де­на­ри за ед­на пес­на да да­деш наг­ра­да од 20.000 ев­ра. За вто­ра наг­ра­да се да­ва­ат 10.000, а за тре­та са­мо 5.000 ев­ра. И мно­гу ло­гич­но зву­чат овие су­ми во др­жа­ва во ко­ја се­ко­ја ве­чер на вес­ти­те на те­ле­ви­зи­и­те одат при­ло­зи за се­меј­ства кои не­ма­ат па­ри да пла­тат ле­ку­ва­ње, шко­лу­ва­ње на де­ца­та, гре­е­ње, стру­ја, а не­кои не­ма­ат ни дом. Ло­гич­но е и јав­ни­от сер­вис на кој ди­рек­тно се еми­ту­ва­ше ло­та­ри­ја за вра­бо­ту­ва­ње на 1.600 со­ци­јал­ци, да ор­га­ни­зи­ра фес­ти­вал на кој за три пес­ни ќе по­де­ли наг­ра­ди во вред­ност од са­мо 35.000 ев­ра.
    Што се 20.000 ев­ра за пр­ва наг­ра­да? Тоа ти се са­мо 61 про­сеч­на пла­та. Или пет го­ди­ни да при­маш про­сеч­на пла­та. Зош­то да ра­бо­тиш пет го­ди­ни, ко­га мо­жеш да пе­еш три ми­ну­ти?
    Да се раз­бе­ре­ме. Не­мам ниш­то про­тив пе­ја­чи­те да до­би­јат и 100.000 ев­ра наг­ра­да. Осо­бе­но ако фес­ти­ва­лот е при­ват­на жур­ка на не­кој биз­нис­мен кој еп­тен мно­гу ја са­ка за­бав­на­та му­зи­ка. Ама ние на газ­да­та на Скоп­ски­от фес­ти­вал му пла­ќа­ме ра­ди­о­ди­фуз­на так­са. Ме­сеч­но по 190 де­на­ри од до­ма­ќин­ство и од фир­ма.
    Не знам да­ли тој газ­да, јав­ни­от сер­вис МРТВ, за 22 го­ди­ни не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја има вло­же­но 35.000 ев­ра за про­дук­ци­ја на об­ра­зов­на прог­ра­ма за де­ца. Ама знам де­ка уш­те ја гле­да­ме Бу­ша­ва­та аз­бу­ка про­из­ве­де­на уш­те во 1985 го­ди­на, ко­га ми­нис­три­те на се­гаш­на­ва вла­да би­ле во ос­мо­лет­ка.
    За три пес­ни се да­де фонд на наг­ра­ди по­го­лем от­кол­ку за си­те оние наг­ра­ди што се до­де­лу­ва­ат за 11 Ок­том­ври, за 23 Ок­том­ври, за 13 Но­ем­ври, за нај­доб­ри ино­ва­то­ри, за нај­доб­ри но­ви­на­ри, за нај­доб­ри пуб­ли­цис­ти, за на­уч­ни ис­тра­жу­ва­ња, за жи­вот­ни де­ла…
    Кој пее зло не мис­ли. А ка­ко трг­на­ла ра­бо­та­ва, на крај си­те ќе про­пе­е­ме.

    4 Во Ма­ке­до­ни­ја се сни­ми но­во про­дол­же­ние на филм­ски­от се­ри­јал “Ин­ди­ја­на Џонс”, ама ни­кој не ни доз­на. Фил­мот се ви­ка “Ин­ди­ја­на Џонс и ноќ­та во му­зе­јот”. За­се­га фил­мот го има гле­да­но са­мо по­ли­ци­ја­та. Ама уш­те не сфа­ти­ле зош­то фил­мот се ви­ка Ин­ди­ја­на Џонс. Оти во до­се­гаш­ни­те про­дол­же­ни­ја, Ха­ри­сон Форд е про­фе­сор ар­хе­о­лог кој ги но­си про­нај­де­ни­те ар­те­фак­ти во му­зеј. А во ма­ке­дон­ски­от Ин­ди­ја­на Џонс има чу­де­сен драм­ски прес­врт. Д-р Џонс ги из­не­су­ва ар­те­фак­ти­те од му­зеј. Во не­поз­нат пра­вец. Ка­ко што из­гле­да, ќе се сни­ма уш­те ед­но про­дол­же­ние. Пр­во сфа­тив­ме де­ка од Ар­хе­о­лош­ки­от му­зеј во Скоп­је фа­лат 60 ар­те­фак­ти, а пос­ле стиг­нав­ме до 80.
    Ако мо­же да се нај­де уте­ха во ова пљач­ко­су­ва­ње на на­ци­о­нал­но­то бо­гат­ство е де­ка ни­кој не кра­де ар­те­фак­ти од му­зеј за да ги униш­ти. Нап­ро­тив, или ќе си ги чу­ва или ќе ги про­да­де не­ко­му што уш­те по­доб­ро ќе ги чу­ва. Не гри­же­те се. Ар­те­фак­ти­те се на си­гур­но мес­то. Ни­кој не е бу­да­ла да пла­ти ил­јад­ни­ци ев­ра за злат­ни обет­ки од пред на­ша­та ера за да ги сто­пи, да ги из­гу­би, или не дај Бо­же не­кој да му ги ук­ра­де. Не­ма бел­ки во му­зеј да ги чу­ва.
    5 Од вче­ра ста­пи на си­ла об­врс­ка­та за но­се­ње зим­ска оп­ре­ма во ав­то­мо­би­ли­те. Ова бе­ше вес­та ко­ја си­те, ама баш си­те ме­ди­у­ми без ис­клу­чок ја об­ја­ви­ја. Зна­чи – про­ве­ре­на е во Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ции. И мо­же да се об­ја­ви.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира