ЈА ЧУДИМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:93:"Штоеследно?ДадојдатРусите.Икрајнапрограмата

    1 Никола Груевски и Али Ахмети скоро едногласно дадоа отчет за сработеното. Едниот за сто дена Влада. Другиот за 102 дена Влада. Едниот во Скопје. Другиот во Тетово.
    Да нема забуна. Не станува збор за две различни влади. Не станува збор ни за поделба на власта. Станува збор за партнерство. И двајцата имаа убави работи да ни соопштат. А убавиот збор не познава граници.

    2 Има еден виц, а не знам може и вистина било дека, кога полицијата барајќи осомничен вршела претрес во некоја куќа на Албанец, нашла две пушки под креветот и го прашале газдата: “А што ти е ова?”, тој одговорил: “Не знам… Чудим…”. Се качиле на таванот, кога таму нашле рачен фрлач и кутија гранати. Пак прашале: “А ова што е?” Овој одговорил: “Не знам… Чудим…” После му рекле, ај сега отвори го подрумот. А тој им рекол: “Немој госпон полицај”. А зошто не? “Зошто и ти ќе чудиш”.
    Сте забележале ли дека секогаш кога има некоја белја во средините каде што живеат Албанци, кога ќе дојде ТВ екипа сите што ги прашуваат што се случило, или не разбираат, или ако разберат одговараат дека ниту виделе, ниту чуле. “Не знам…Чудим…”
    Е па исто како граѓаните Албанци, така и нивните политички претставници. Овие од ДУИ, штом нешто не ја бива работата, или не разбираат што се случило, или ништо не виделе, ништо не чуле. “Не знам…Чудим…” Последнава недела два пати беа зачудени. Тие се демократска партија, што се вели демократи по убедување. И сигурно се чудат како тоа нивен демократски министер за образование предложи начин како да се спречи штрајкот на просветарите. Ако некој мисли дека Спиро Ристески е министер за образование – не е така. Абдулаќим Адеми е министер. И неговиот потпис беше ставен на законот за поставување заменски професори кога има штрајк во образованието. Собранието го изгласа законот што го предложи министер на ДУИ. Чудиш?
    Сè уште зачудени како со помош на ДУИ се овозможи “непречено одвивање на воспитно образовниот процес”, стаса барањето на Али Ахмети во случајот “Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското Езеро да се вклучи американското Федерално биро за истраги – ФБИ. Али Ахмети вели дека “меѓународен мониторинг ќе го подигне кредибилитетот на процесот”.
    Што сака да каже лидерот на ДУИ? Дека не верува во правниот систем во кој министер за правда е Аднан Јашари од ДУИ, а пред него беше Блерим Беџети, исто така од ДУИ? Како ДУИ не му верува на судството, а учествува во изборот на судиите во Судскиот совет? Кога си се пазарат со кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш е ДУИ-нг бизнис. А кога на ДУИ му паѓа рејтингот кај гласачкото тело, ќе ги викаме Американците на помош.
    Значи, ем си на власт, ем се жалиш од власта. Ем си одговорен, ем не ја признаваш одговорноста.
    Е богами и ја чудим.

    3 Всушност, Али Ахмети самиот си даде решение за нивниот голем проблем со демократијата што ја имаат во името на партијата. Да не го викаат ФБИ само од случај до случај кога ќе му притреба на ДУИ. Ако веќе ФБИ треба да ја носи политичката одговорност наместо ДУИ, тогаш ФБИ нека биде и коалиционен партнер во Владата наместо ДУИ. Не мора само “Монструм” да се реши. Со тој себап може и попис ќе направиме.
    ВМРО-ДПМНЕ секако ќе биде ќар. Ако си замине Ахмети, за нив ќе останат сите тендери.

    4 На ТВ Телма околу изборите, регулаторот и се закани дека ќе ја казни затоа што не пуштала доволно македонска музика на програмата. Владата плаќа по 20.000 евра за победничка песна на фестивали и дава субвенции за да стимулира создавање македонски песни. Во исто време, други три национални телевизии се натпреваруваат која ќе емитува што повеќе српска програма. Не само српска музика, туку српска програма воопшто. И тоа, најевтина, највулгарна и најбрутално комерцијална. Пред извесно време една од тие телевизии дури ги прекина и вестите за да најави дека ќе има директен пренос на концерт на Аца Лукас. Додуша, концертот не беше во Белград. Беше во лулката на вмровштината – Штип. А на една од тие телевизии има повеќе српска програма отколку што имаат телевизиите во Србија.
    Како тргнале,нема да ме чуди ако и на вестите, кога ќе викнат некој наш министер да зборува за успесите на ВМРО-ДПМНЕ, под него да оди титлуван превод на српски јазик. За гледачите да не доживеат шок на патриотските сетила. Да се вклопи и македонскиот министер во програмската шема. Се чудам како не почнале и турските серии да ги натсинхронизираат на српски јазик.

    5 Прво беа латиноамерикански серии. Па дојдоа Индијците. По нив дојдоа Турците. Па дојдоа Србите.
    Што е следно? Да дојдат Русите. И крај на програмата.

    6 После цела недела протести во Хонгконг со барања за демократија, вчера се одржаа контрапротести.
    Минатата недела делегација на Комунистичката партија на Кина беше во Македонија. Се сретна со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ. И сè си дојде на свое место.

    7 Објавени се имињата на новите македонски амбасадори. Меѓу нив, амбасадори ќе станат и син и сопруга на актуелни амбасадори. Може има и другарчиња.
    Владата распиша конкурс за избор на амбасадори. Се очекува наскоро да распише и потерница. “Се бара дипломат од кариера”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари