ЈАС МИНИСТЕРОТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:92:"Спо­ме­ни­цисевселуваат,алуѓетосеотселуваат.

    1 Што е оваа врева околу споменикот на српскиот цар Душан што се појави во Скопје? А зош­то да не се појави? Зошто Хасан Приштина да може да има споменик, а цар Душан да нема? Како може на еден крај од градот да го имаме Ѓорче Петров на коњ, а на дру­ги­от крај Тодор Александров на коњ? Што сe не видовме од споменици тука, толку ла­во­ви, коњи и магариња има, па сега цар Душан бил проблем. Па и Србите во Македонија тре­ба ли да гласаат?
    На српскиот цар Душан му се случи истото чудо како што му се случи на бугарскиот ми­нис­тер за надворешни работи Симеон Радев. И за министерот, кој во 1913 година го пот­пи­шал Букурешкиот договор, никој не знаеше како се качил на терасата на новото Ми­нис­тер­ство за надворешни работи. И кој му помогнал да се качи. Па после го тргнаа и го сим­наа во депото на Музејот на македонската борба. Зошто во депо? Оти не е од восок. Не­ка стои, може ќе се најде.
    А можеби спомениците навистина сами си се поставуваат низ Скопје. Видел цар Душан де­ка тука е рајот за споменици и решил самиот да си се нарача, самиот да си се излее и са­ми­от да си се смести. На постамент кој, очигледно, бил празен. Па самиот си го из­гра­ви­рал и името на плочка за да се знае кој е.
    Уш­те едно чудо се случува во Македонија. Споменици се вселуваат, а луѓето се от­се­лу­ва­ат.

    2 А со Тито што правиме? За него се знае кој го поставил, ама не се знае кој е ов­лас­тен да го тргне. Кога можеа сите што биле окупатори да добијат спо­ме­ни­ци, зошто па и Тито да нема. Ако ништо друго, тој барем бил единствен прет­став­ник од Македонија во Јајце на 29 ноември 1943.

    3 Па­тем, да не го видел некој генерал Пиколомини како се распрашува за сло­бо­ден постамент? Неговото име е неразделно врзано за историјата на Скопје. Го за­па­лил градот во 1689 година за да ја запре епидемијата на колера. Сигурно му е некој далечен претходник на министерот Никола Тодоров. Пробал со драс­тич­на мерка да го подобри здравството. Плус и австрискиот генерал, во некоја рака му доаѓа како преродбеник. Да не го изгорел градот до темел, немало да има но­ви градби.

    4 Жи­во­тот доби нова смисла. Се роди нова надеж. Покрај самитот на ЕУ. имаме уште еден судбоносен датум за чекање. 30 декември. Тогаш ќе се влечат првите награди на иг­ра­та на среќа за собирање фискални сметки. Министерот за финансии Зоран Став­ре­ски порача: “Наполнете ги рацете со фискални”.
    До­се­га, во вторник и петок во Скопје од пензионери не можеше да се влезе во автобус. Или во амбуланта и аптека. А од 1 декември веќе не може да се влезе ни во пилјара. На пен­зи­о­не­ри­те дополнително ќе им се промени квалитетот на животот. Наместо да се­дат дома и да се секираат ако им се невработени децата, или се стечајци, или се ку­ка­ви­ци што избегале во странство и не се осмелиле да отворат свој бизнис, тие сега за се­неш­то ќе излегуваат и ќе си купуваат по едно парче. Еден леб, една фискална. Едно мле­ко, втора фискална. А од аптека со полна рака фискални можат да излезат. Треба да си будала сe одеднаш да купиш. Повеќе артикли на една сметка ти ја намалуваат шан­са­та за добивка. Имаш три внучиња, ќе си купиш три лижавчиња. Три пати по едно. И децата среќни, и три сметки во рака, и денот исполнет. Три во едно.

    5 Прет­се­да­те­лот на Европската комисија Баросо рече дека Русија не може да става ве­то на договорот на Украина за соработка со ЕУ . Па Русија не стави вето. Украина не го пот­пи­ша договорот за асоцијација со ЕУ заради добрососедски односи. И нема што во Бри­сел да се лутат. Нели за приближување кон ЕУ се најважни баш добрососедските од­но­си. Освен кога на ЕУ не и` се важни.

    6 Ќер­ка ми учи во петто одделение и пред некој ден побара помош да напише домашна за­да­ча на тема: “Јас министерот”. Мислев дека не ја разбрав добро и побарав да видам што пишува во учебникот. И, навистина, таму напишале: “Замисли дека си пратеник, ми­нис­тер или судија. Раскажи некоја случка од твоето работно место или што работиш. Нас­ло­вот на твојот состав може да биде: Јас во Парламентот, Јас во судот, Јас во Вла­да­та…
    Си помислив, децава учат основи на општеството, па им кажуваат за основите на де­мок­ра­ти­ја­та и за поделбата на законодавна, извршна и на судска власт. Па уште се за­не­сов и почнав да и` раскажувам дека има и четврта власт – медиумите, како коректив на другите три. А ќерка ми бледо ме гледа и не знае дали да ми верува. Кога ја вртам нас­лов­на­та страница, учебникот не бил по општество туку по македонски јазик. Па муд­ро ја советував, кога веќе мора да избира меѓу трите професии, да избере судија. Ако ниш­то друго, сакала не сакала, ќе мора да учи во животот. Па белки нешто и ќе и` ос­та­не во главата. А за другово и не мора. Ако те избере народ и ако те сака партијата, мо­же и неписмен да се снајдеш во животот.
    Пос­ле ваква лекција, мене ми се отворија очите. Веќе не се чудам кој сe не се нашол на пра­те­нич­ка листа и како од дете одеднаш се станува министер. Па тие од петто од­де­ле­ние веќе си ја знаат работата.

    7 Де­ца­та на школо учат што ќе работат ако станат министри. Преку телевизија учат де­ка треба да бараат фискални сметки. А кај кого доаѓа инспекторот, ќе научат кога ќе поч­нат да ги работат дуќаните кои ги добиле на наградната игра со фискалните.

    8 Гер­ман­ска­та фирма која го изгуби тендерот за депонијата Дрисла се закани дека ќе го ту­жи Градот Скопје и ќе бара отштета од 80 милиони евра. Навистина, ние правиме мно­гу ѓубре, ама буџетот на Скопје е само 54 милиони евра. Како ќе наплатат ако добијат? Ако испратат извршител да наплати, што ќе им дадеме. Ќе мора и нас и спомениците, со­се загадениот воздух да нe соберат. Па кога ќе видат кого треба да земат, ќе се от­ка­жат од тужбата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира