ЛЕНИН ВО ФИНСКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:178:"МенитовопрватаантичкагалијанаВардароставапросторзадискусија.АзаконитенаГруевски-не

    1. Додека социјалдемократите лежат на плажа и размислуваат да подготват нова трибина на која ќе дебатираат за состојбата на државата и како да се справат со режимот, Груевски им бапна потреба за промена на Устав и закони со кои суштински ќе се засегнат многу бизниси и ќе ги променат животите на многу луѓе. Не знаеме дали на подобро, ама премиерот рече дека ќе се навикнеме.
    На ВМРО-вците, колку и да ја молат опозицијата да се врати во Собранието, сепак, им годи што ја нема. Оти оваа влада има сигурно сценарио од идеја до реализација само за три дена. И сигурни пратеници што не поставуваат глупави прашања.
    Откако во сите негови мандати им вети на пензионерите покачувања и им ги оствари, а знаеше дека во Фондот нема доволно пари за тоа, Груевски најде начин како да ја пополни дупката. Си донесе закон со кој придонесите за пензиско и здравствено осигурување ќе се плаќаат и за хонорарите.
    Законот како закон звучи добро. Затоа што со него се зајакнуваат работничките права. Кој би имал против на невработените хонорарци да им тече пензиски стаж? Кој би имал против хонорарците да се вработат? И верувам дека вакво решение за плаќање придонеси за хонорарната работа има во 95 отсто од земјите во Европа, како што рече премиерот. Ама сигурен сум дека ваков закон најдобро функционира во Норвешка. Не затоа што норвешкиот закон е подобар од нашиот. Туку затоа што во Норвешка законите неселективно се спроведуваат.
    Кај нас, главните и сигурни вработувања се само во државната администрација. При тоа, критериумот партиска припадност бесрамно се промовира како најважен за вработување. Како ќе се спроведува законот во пракса во услови кога пристапот до државните пари е овозможен само со партиска привилегија? Многу едноставно. Така што за да се нахрани гласачката машина во државните институции, приватните фирми ќе мора да ги намалуваат платите или да ги бркаат хонорарците. Па од законот кој се носи во нивно име, хонорарците најмногу и ќе настрадаат.

    2. Еве да речеме дури и да сме Норвешка. Да речеме дека дури да е законот најдобар на свет. Па и да го спроведеме по норвешки стандарди. Начинот и брзината со кои беше донесен овој закон не ми влеваат доверба дека е за општо добро и дека мотивот за донесување, пред сè, бил за заштита на работничките права, а не за уште една рекламна кампања дека се намалила невработеноста.
    Со законските измени се менуваат суштински работи и кај граѓаните и кај бизнисот. Првата новина е што ќе може да се избира кога ќе се оди во пензија. Тоа е од животна важност за голем број граѓани. А втората новина е дека трошоците за плати во компаниите ќе се зголемат за дваесетина насто во делот за хонорарите. Тоа не е мала ставка ниту за најбогатите компании, ако сакаат да ги задржат сите хонорарци.
    Зошто олку клучни работи мора да се менуваат по брза постапка, од вторник до четврток? Законот ќе стапи на сила во јануари 2015 година, а се менува среде лето и тоа пред два државни празници. Додека опозицијата го бојкотира Собранието, а половина од граѓаните се на годишен одмор, па не гледаат ни турски серии, а не, пак, вести. Додека судовите не работат, а факултетите се на колективен распуст. Ниту стопанските комори имаа време да се консултираат со членовите, ниту здруженијата на работодавци имаа време да прочитаат што им спакувала Владата, ниту, пак, медиумите имаа можност барем да отворат некаква јавна расправа. Како ниту еден бизнисмен не се јави, како ниту еден директор не даде свое мислење? Па и тоа пратениците можеа барем да одглумат дискусија, а не само да прочитаат што им подготвиле стручните служби од Владата. Барем да помислевме дека имаме и извршна и законодавна власт. И дека иако се од иста партија ако им се оставеше повеќе време барем еднаш да го прочитаат, можеби некој и ќе кажеше нешто паметно, па ќе го подобреше законот или барем ќе отвореше некои дилеми. Не. Зошто да се правиш паметен кога сите молчат? Од многу памет глава боли. А башка не се пратеници во Норвешка. Во Македонија се.
    Повеќе дискусија се разви за имињата на јадењата во менито на кралската галија во Вардар отколку за суштински работи што скоро сите ќе ги почувствуваме. Оти дали ќе ја јадеш Олимпија крвава до среднопечена на жар или белите бубрези на Букефал ќе ги комбинираш со Филип Мињон и Александар во лук нема толку битно да влијае врз нашите животи колку што ќе влијае дали некој хонорарец којшто со години чека вработување, конечно ќе дочека работа или ќе остане и без тој хонорар што сега го зема.
    Но, очигледно, менито во првата античка галија на Вардар остава простор за дискусија. А законите на Груевски – не.

    3. Во овие здодевни летни денови, кога Владата менува Устав и носи закони, а Општина Центар се пребројува да види кој меѓу нас не е наш, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина на одмор.
    Ова ме потсети на еден виц кога во галерија стоела слика насловена “Ленин во Финска”. На сликата, сопругата на Ленин била во љубовна прегратка со млад маж. Еден човек ја гледал, ја гледал сликата, зачуден прашал: “А каде е тука Ленин?”. Кустосот му одговорил: “Како каде е? Па Ленин е во Финска”.

    4. Дополнителен придонес во пензискиот и во здравствениот фонд ќе плаќаат и тие што покрај работното место, имаат и хонорарни договори. Ај за пензискиот фонд има некоја логика. Особено ако доцна си се вработил, па со дополнителните придонеси надвор од платата ќе си ја зголемуваш пензијата (иако и таа е лимитирана). Ама зошто да плаќаш два пати за здравствено осигурување?
    Ако плаќаш врз основа на два хонорара, два пати подобро ќе те лекуваат? Ќе можеш два пати повеќе да се разболуваш? Ќе ти даваат два пати поскапи лекови? Ќе те оперираат подобро платени хирурзи? Или ќе си платиш два пати, па кога ќе треба да одиш на лекар, ќе си платиш уште еднаш?

    5. Можам да го сфатам ректорот на Штипскиот универзитет Саша Митрев што на штрајкот со глад на тројца професори одговори така што е на линија со духот на владеење на оваа власт. Со игнорирање, бирократски финти и со сила. Ама не можам да ги сфатам другите професори. Прв пат ни се случува штрајк со глад на универзитетски професори, прв пат синдикат им дава поддршка и со штрајк со глад се солидаризира со нив, а умовите на државата се прават како да се во Финска.
    Впрочем, и претседателот на државата Ѓорге Иванов е универзитетски професор. Кога ќе му заврши мандатот, и тој треба да се врати на универзитет. Има ли тој став барем за овој проблем?
    Еее професори, професори… Интелектуалната елита одмора на плажа. Умовите се избезумени.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари