ЛЕСНОТИЈА НА ПОСТОЕЊЕТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:154:"ТројцасомотикивоБриселсамочепкаат.БулдожеротуштестоипаркиранвоВашингтон.

    1.   Како што се развива приказната во аферите “Пуч” и “Прислушување”, квалитетот на животот во Македонија станува сè понеизвесен. Она што сега ни се случува, можеби најдобро би можело да се опише со она што чешкиот дисидент од времето на комунизмот Милан Кундера прецизно го срочил како неподнослива леснотија на постоењето. Па напишал книга со таков наслов. Притоа не се повикувам само на оној легендарен цитат од книгата дека “оној што мечтае да го напушти местото каде што живее е несреќен човек”. Туку мислам на нашата неподнослива леснотија на постоењето, со која во оваа Македонија во која живееме сè потешко се наоѓа среќата.
    Македонија живее во две паралелни реалности. Едните се собираат и маршираат затоа што се несреќни. Другите се собираат и маршираат за да покажат колку се среќни. Тоа што за СДСМ е провизија, за ВМРО е донација. Тоа што за СДСМ е рекет, за ВМРО е спонзорство. Тоа што за СДСМ е откривање корупција, за ВМРО е откривање државна тајна.
    Кој ќе ги спои овие два паралелни света? Како сето ова ќе заврши? На избори? Кој ќе ги организира изборите? Кој ќе ги чисти избирачките списоци? Кој ќе утврди дали тие што се жители на Пустец се гласачи во Капиштец?
    Единствената врска помеѓу двата паралелни света е судството. Од кое се откажа дури и Европската комисија. Па од Брисел кажаа дека нема да испратат свои експерти да ги набљудуваат процесите за “Пуч” и за “Прислушување”. Ќе нè остават сами да си потонеме во калта што си ја направивме. За која и тие се кабает. Оти многу вода ни пуштаа. Можеби затоа и бегаат. За да не се открие и нивната вина за она што нам ни се случува.

    2.   Тие што го критикуваат новиот изглед на Министерството за правда, треба да знаат дека и во тоа има некаква симболика. Тие велат дека фасадата им личела на скап бордел. Ама забораваат дека од задната страна е останата старата фасада. Што личи на административна зграда.
    Две фасади како две паралелни реалности. Однапред е бордел, а одзади е администрација на борделот. Оти, нели, политиката е курва. А за организирана проституција мора да се води и сметка.

    3.   Во мај 2008 година, ВМРО-ДПМНЕ најави дека воведува внатрешна контрола за дисциплинирање на локалните партиски моќници, по примерот на историските тројки за елиминирање на предавниците од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тогаш многу се дискутираше за демократичноста на овој метод. Не знам дали современите тројки профункционираа, но како и да е, тројките изгледа им се судбина на ВМРО-вците.
    И сега имаме неколку тројки замешани во кризата. На завојуваните страни им помага бриселска тројка од тројца европарламентарци. На преговорите во Брисел одат завојуваните ВМРО-вска тројка и СДСМ-овска тројка. И во целата приказна на тројките се појавува и амстердамска тројка од разочарани ВМРО-вци.
    Но ниту една од овие тројки нема да одекне така силно како што е добитната тројка Харис Џиновиќ, Весна Змијанац и Хари Мата Хари. Кои ниту и` плаќаат превоз ниту и` делат сендвичи на публиката за да им дојде во “Борис Трајковски”. Напротив. И среќните и несреќните сами си плаќаат од 400 до 1.500 денари. Оти и двата паралелни света можат да се пронајдат во стиховите: “Погазиќу обеќања, превариќу осеќања”.

    4.   Инаку, оние три тројки во Брисел договорија дека треба да се договорат. И дека пак ќе се видат после Велигден. Ова можеа и по телефон да го договорат. Чувме дека многу посериозни работи по телефон се договарале.
    Туку, сè ми се чини дека и овој пат џабе се надеваме на Брисел. Тројца со мотики ништо не прават. Само нешто чепкаат. Додека не дојде булдожерот, ништо не правиме. А булдожерот уште стои паркиран во Вашингтон.

    5.   На последниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, вицепремиерот Владимир Пешевски, додека говореше на сцената, понесен од публиката, запеа: “Едно име имаме, во душата го носиме”.

    Па и на партизаните кога им било најтешко, пееле. Барем така сме гледале на филм.

    6.   Министерот за здравство Никола Тодоров пак е активен. Оваа недела промовираше неколку проекти. Со каква леснотија се појавува на телевизија и зборува за успеси , човек ќе заборави зошто умре деветгодишната Тамара. Завчера промовираше наш специјалист, затоа што нема доволно специјалисти низ Македонија. Која леснотија на постоењето ги натера лекарите да си заминат од местото во кое што живеат.

    7.   Ги исекоа дрвјата околу Владата. И паднаа многу вицови дека тоа го сториле за да нема влада во сенка.
    Не е доволно само да се исечат стеблата. А корењата ги извадија? Да не ја тупиме многу. Треба да се сотрат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари