ЛЕТаЧКИ ЦИРКУС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:161:"Акробатскитевештини,опаснипоживот,стануваатсéпоздодевнизаширокитенароднимаси

    1. Летачкиот циркус на шестемина величествени продолжува да ги забавува народите на Југославија пред ТВ екраните. Главно со непроменет репертоар на акробатски вештини, па стануваат помалку и здодевни. Ако продолжат вака, процентот на гледаноста на нивните прес-конференции од недела на недела сé повеќе ќе опаѓа. Нема смисла. Повеќе од дваесет милиони луѓе возбудени се­д­нуваат пред ТВ екраните со надеж дека нивните усреќители нешто се договориле. А тие – пак ништо.
    За да останат во зенитот на популарноста, ќе треба своите медиумски настапи да ги осмислат на друг начин. Да бидат интересни, па луѓето да ги чекаат како не знам каков филм. Бидејќи за комедија очигледно не ги бива, а за крвава драма нивните ликови ги играат анонимни каскадери, треба да пробаат од другите жанрови. Еден колега веќе ги нарече шестемина каубојци. Веројатно може да ги замисли како главни јунаци на некој добар вестерн. Дојдоа тивко и влегоа во легенда. Или пак, во стилот на некој добар политичко-шпионски трилер, шесте­мина величествени седнати на зелена маса сомнително ќе се погледнуваат, размислу­вајќи: “Знам кој е убиецот, ама во моментов не може да ми текне”. За полноќните часови се препорачува некое филмче со послободна содржина. По некоја страствена и жешка расправа актерите си шепотат на увце: “Да го направиме тоа уште еднаш”…
    И ќе го направат. Идната недела – на Брдо кај Крањ.

    2. Не знам зошто колегата од Телевизија Скопје Драган \орговски толку се жестеше зошто македонските новинари не можеа да дојдат на ред. Прес-кон­ференцијата во Белград и онака беше приватна средба со новинарите на Мило­шевиќ и Туѓман. Освен тоа, немаше време да ги постават нарачаните прашања. Конечно, се знае дека акробатите на трапез, циркуски дисциплини опасни и по живот, се токму Туѓман и Милошевиќ.
    Токму затоа, не знам зошто останатите претседатели еднаш не се раздружат од двајцата најголеми носители на среќа на Југославија и да ги остават на мир да си држат свои конферен­ции за печат, со свои новинари, да си докажуваат колку се миротворци, да си ги разменуваат знамињата на нивните најголеми на светот држави, да бараат, инсистираат и наредуваат мобилизации на својот резервен состав, да ги ослободуваат окупираните територии…
    Раздружувањето најискрено му го препорачувам и на нашиот претседател Киро Глигоров. Да не ги кине нервите гледајќи ги скоковите на смртта на патувачката трупа. Само, пред да ја напушти претставата, нека не заборави од Слободан Милошевиќ да наплати авторски надоместок за својата идеја, дадена уште пред три месеци, со која завчера се удираше в гради српскиот претседател. Иако Големиот Слобо патем успеа да ја подзаборави Македонија, не му пречеше “да ја открива Америка” со четирите прашања околу кои треба да се разговара, па дури за прв пат го спомена и зборот “заедница”. Во годината на заштита на авторските права, доколку Милошевиќ продолжи да се кити со туѓи перја, тоа ќе биде уште една причина повеќе нашиот претседател конечно и да им се налути.

    3. Ниту еден од врвните македонски раководители не прозборел збор за присоединувањето на т.н. Српска автономна област Краина кон Република Србија. Веројатно не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на “големите”.
    Во меѓувреме, по добро познатиот Батриќ Јовановиќ, кој во Собранието на Србија зборуваше за илјадници насилно македонизирани Срби во Скопска Црна Гора, деновиве извесен Предраг Мијаиловиќ на министерот за врски со Србите надвор од Србија му препорачува во собранието да отвори расправа за Србите во Македонија. Затоа што од 1945 година до сега во Македонија се прогонува српската шајкача. А се знае, шајкачите на овие простори се носеле уште од времето на цар Душан кога неговата престолнина била во Скопје.
    Се очекуваат барикади на патот кон Кучевиште.
    4. Претседателот на Владата на Македонија д-р Никола Кљусев вели дека К-15 и надоместоците за превоз и исхрана се измислени категории. Значи – не постојат. А сепак му се добредојдени за крпење дупки.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари