ЛЕВА ЛЕВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:44:"Којтоатамудесногази?

    1 Последнава недела имаше едно чудо изјави што асоцираат на времето на Тито.
    Прво се одржа некој конгрес на младите социјалисти. Таму, лидерот на Социјалистичката партија Љубисав Иванов Ѕинго порача: “Народ што има ваква младина, не треба да се грижи за својата иднина”. Ѕинго денеска зборува исто како што зборуваше Тито навремето кога ги примаше штафетите.
    Потоа, премиерот Груевски го правдаше своето непојавување на средбата на лидерите на европските народни партии во предвечерието на прославата на 50годишнината на ЕУ во Берлин. Рече дека за тоа ќе одговара пред својата партија. И Јосип Броз на судењето на таканаречениот “бомбашки процес” во 1928 година изјавил: “Јас го признавам само судот на мојата партија”.
    На крај се појави храбрата Рада. Во духот на левицата му се понуди на Груевски: “Тука сум, дојди да ме уапсиш”.
    И после се чудиме дека ни се случи и по Тито Тито. Сиромашкиот министер за култура Илиријан Беќири. Човекот се збунил. Се исплашил. Си рекол: Каква е оваа ретро перспектива. Ај што по партиска грешка го ставиле министер за култура, туку му дале и одлуки да донесува. И така збунет потпишал некакво писмо. Па го испратил по факс во Битола каде што се подготвува претстава баш за Тито. Ги задолжил сите национални установи “да не се вклучуваат во ниту еден дел од реализацијата на тој проект, а тие што се вклучени веднаш да ги стопираат сите активности. Секое непочитување на оваа одлука ќе биде најстрого санкционирано”.
    Оваа закана до уметниците му била преблага, па Беќири поентирал. Одлуката стапува во сила веднаш. Немој случајно да се одложи, па премиерата да помине без санкции.

    2 Напишал министерот што напишал, потпишал што потпишал, ама ден потоа сите, на чело со премиерот, сакаат да нѐ убедат дека ние погрешно сме разбрале. Министерот не сакал да забрани. Сакал само да спречи.
    Така ќе откриевме дека и тој се инспирирал од левичарските изјави што ја одбележаа неделата. Ај за Ѕинго се знаеше, ај за Рада тоа е нормално, ама кога видел дека и премиерот е дефинитивно лев, Илиријан решил да оди уште подалеку. Лево, лево, најлево… Како што рекол Мајаковски уште во 1918 Кој тоа таму десно гази?
    Убаво е тоа што премиерот вети дека додека е тој на власт во Македонија нема да има цензура. Убаво е што посака на премиерата да ја води со себе пратеничката на СДСМ Весна Бендевска. Не е убаво што Рада му се нуди да ја земе, а тој избега за Португалија. Убаво е и тоа што ќе го испитува случајот откако ќе се врати.
    Ама сепак, останаа две прашања кои никако да ми се разјаснат:
    Прво, како мислел министерот за култура дека тоа што го напишал, како што така убаво писмено го срочил, заканувајќи се со најстрого санкционирање, никој нема да го сфати како забрана?
    И второ, како мисли премиерот да нѐ убеди дека така сроченото писмо, сосе заканата потпишана од министер во неговата влада, всушност, било недоразбирање.
    Кој не се разбрал? Министерот сам со себе? Или премиерот не го разбира министерот? Или и двајцата не нѐ разбираат нас, кога од министерот бараме оставка?

    3 Ако денеска забраниш претстава за Тито, оти тој проект “не навлегува во националниот интерес на Република Македонија”, утре можеби некој друг ќе забрани и претстава за политичар чија мајка имала три стана, па тој станал премиер. Можеби и тој проект по извесно време некој друг Илиријан ќе го оцени дека “не навлегува во националниот интерес на Република Македонија”.

    4 Даниел Фата, висок функционер на Министерството за одбрана на САД, им рекол на претседателот Црвенковски и на министерот за одбрана Лазар Еленовски: “Кога и да дојдам во Авганистан секогаш го забележувам македонското знаме”.
    Нека дојде господинот Фата во Чаир. И нека проба таму да го забележи македонското знаме.

    5 Дилавер Бојку Лека со судска одлука беше пуштен од затвор шест месеци порано поради добро однесување.
    Премиерот Груевски и за оваа тема имаше свој став. Рече: “Јас не би требало да коментирам, ама ќе коментирам. Од авион се гледа дека нешто не е во ред”. Другиот ден, во Собранието најави дека Министерството за правда ќе покрене истрага за случајот Бојку.
    Што значи тоа? Дека министерот Михајло Маневски и Владата ќе ги преиспитуваат одлуките на судот? Во кој устав тоа го пишува? Во која правна држава го има тоа. Во 100те чекори на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ не беше предвидено дека Владата ќе преиспитува и судски одлуки. И дека премиерот ќе биде и врховен судија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира